
Македонската филхармонија ќе приреди симфониски концерт за најмладата публика утре во 12 часот во Македонската опера и балет во Скопје. Концертот насловен „Со танц низ светот“ ќе ги образува дечињата за танци од повеќе земји – полската полонеза, австрискиот валцер, францускиот менует, кубанското мамбо.
Концертот ќе го диригира Саша Николовски-Ѓумар, а аниматор ќе биде миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


