
Папата Франциск упати апел дека не треба се осудуваат оние кои ќе решат да се разделат во бракот и да се пружи поддршка на лицата кои доживеале неуспех во љубовта.
– Кога љубовта ќе доживее неуспех, треба да ја разбереме болката поради тој неуспех и да ги поддржиме лицата кои ја доживеале. Не ги осудувајте таквите личности – им порача Папата на верниците на утринската миса во Ватикан.
Тој инсистираше на убавината на христијанскиот брак меѓу мажот и жената.
Инаку, прашањето за повторно венчавање на разведните моментно е тема на расправа во Ватикан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


