| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович: Профашистички сили ја окупираа Украина

janukovic

Сменетиот украински претседател Виктор Јанукович денеска првпат се појави во јавноста од саботата. Јанукович одржува прес-конференција во рускиот град Ростов на Дон.

Тој истакна дека ќе продолжи да се бори за иднината на Украина, дека бил принуден да ја напушти земјата поради закани, како и дека профашистички сили ја узурпирале власта во Украина.

ИТАР-ТАСС вчера објави обраќање на Јанукович до народот на Украина во кое сменетиот шеф на украинската држава наведува дека сè уште се смета себеси за легитимен претседател на Украина.

– Сè уште се сметам за легитимен претседател на украинската држава, избран со слободната волја на украинските граѓани – посочи Јанукович во обраќање до народот на Украина.

Тој упати молба до руските власти да му ја гарантираат личната безбедност од активностите на екстремистите.

Главниот обвинител на Украина, пак, порача дека ако се покаже дека Јанукович е во Русија, ќе се бара негова екстрадиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top