Грција ја надмина бројката од 28 проценти невработени, следена од Шпанија (25,8%) и од Хрватска (18,8%), како трите земји со највисок процент на невработеност во Европската унија, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Ова го покажуваат денешните најнови податоци на Европската канцеларија за статистика (Евростат) во однос на последното мерење на невработеноста во рамки на земјите-членки на Унијата.
Според овие податоци, од последното мерење кога имаше 26,3 отсто невработени, Грција ја достигна бројката од 28-процентна невработеност. На ниво на ЕУ, пак, овомесечниот процент од 10,8% невработени е идентичен како и минатиот при последното мерење во декември минатата година, исто како и во рамки на Еврозоната, каде што 12 проценти невработени е идентична бројка како и лани.
Она што изненадува е позиционирањето на Хрватска, која во јули минатата година стана 28 земја-членка на Унијата, на високото трето место за невработеност, со 18,8 проценти од работоспособните лица без работа. Од друга страна, пак, најнизок процент на невработени имаат Австрија (4,9%) и Германија (5,0%), додека најголемо опаѓање на бројот на невработени има во Летонија, каде што од 14,3% последното мерење покажало 11,5 проценти невработеност.
Во однос на невработеноста кај младите лица, таа и во јануари 2014 година била 23,4 проценти во ЕУ или 5,5 милиони лица на возраст од 15 до 24 години. И во ова мерење предничи Грција со 59 отсто невработеност кај младите.
Нашиот јужен сосед во ова го следат Шпанија (54,6% невработени млади лица) и Хрватска (49,8%), додека најдобро стои Германија со само 7,6 отсто невработени млади лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција