Во Украина ситуацијата е нестабилна, особено тензично е на Крим, што ги предизвика и фудбалските „власти“ да го одложат комплетно првото пролетно коло во премиерната фудбалска лига.
Викендов требаше да продолжи фудбалското првенство во Украина, но кризата што ја доведе земјата на работ на војна не дозволува во редовниот термин да се одиграат натпреварите од 18. коло.
Еден од најсилните фудбалски шампионати во Европа го мачат и други проблеми, што почнаа уште на самиот старт на првенството. Арсенал Киев поради беспарица се откажа, па сите резултати на клубот се избришани, а во текот на зимската пауза се случија уште неколку потреси. Сопственикот на Металист од Хархов, Сергеј Курченко, си замина во непознат правец, фудбалерите немаат добиено плата веќе неколку месеци, па се заканува распаѓање на клубот.
Многу слично е и во редовите на неколкукратниот украински првак Шахтар од Доњецк. Таму се случи сензационално бегство на богатиот сопственик Ринат Ахметов во Англија, па нејасно е што ќе се случува понатаму.
Без овие три клуба и во ситуација на воена криза, не му се пишува добро на фудбалскиот шампионат на Украина, еден од најсилните на стариот континент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина