Швајцарското Обвинителство почна истрага за перење пари против сменетиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, и неговиот син Александар, соопшти денеска канцеларијата на Јавниот обвинител во Женева.
– Во Женева се води кривична истрага за перење пари против Виктор Јанукович и неговиот син Александар – се наведува во соопштението и се додава дека истрагата почнала вчера.
Во соопштението се нагласува дека обвинителот Ив Бертос и полицијата вчера изутрина ја претресле канцеларијата на компанијата, чиј сопственик е Александар Јанукович, и при тоа заплениле повеќе документи.
Швајцарија вчера објави дека ќе ги замрзне сите сметки во швајцарските банки, кои ќе бидат доведени во врска со кои било средства на семејството Јанукович.
Владата на Швајцарија нареди замрзнување на имотот на 20 Украинци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.