| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија се вклучува во одбележување на „Часот на планетата Земја“

unnamed

Петта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, во која оваа година ќе учествуваат повеќ од 154 држави од светот.
Часот на планетата Земја претставува најголема светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.
Оваа година, акцијата се одржува на 29 март (сабота), кога во 20.30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града низ 154 држави низ светот, а меѓу нив е и Македонија.
Оваа година, за разлика од изминатите, Македонија се вклучува во акцијата со своја сопствена медиумска кампања за спас на планетата Земја, во која главните суперхерои се познатите личности од Македонија и регионот, кои ја даваат својата порака за вклучување во акцијата.

Видеата од македонската медиумска кампања, која го носи името „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“, почнувајќи од понеделник, ќе бидат промовирани на официјалната страница на „Фејсбук“ на „Часот на планетата Земја“ (линк: https://www.facebook.com/earthhourmk), а исто така, ќе бидат објавувани и на официјалната веб-страница на акцијата.
– Навистина сум среќен што оваа година во кампањата се вклучуваат и скопските општини, поточно општината Аеродром, која веќе трета година по ред ќе го исклучи осветлувањето на трите најголеми паркови на својата територија, и општината Кисела Вода, која годинава првпат влегува во акцијата „Часот на планетата Земја“. Би сакал да испратам јавен апел до градоначалниците и на останатите општини во Скопје и републиката, како и до градоначалникот на Град Скопје да се вклучат и нивните општини во „Часот на планетата Земја“ и да го исклучат осветлувањето на спомениците за време на настанот – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top