Здравко Мамиќ склучи нов спектакуларен договор со голем клуб откако вчера ѝ го продаде бисерот на хрватскиот фудбал Ален Халиловиќ на Барселона за 10 милиони евра. Тука не се вклучени и бонусите што ќе ги добива Динамо Загреб. Халиловиќ е син на познатиот играч од ерата на поранешна Југославија, Сулејман Халиловиќ.
Ален има само 17 години и е еден од најголемите таленти во Хрватска и во Европа. Претходно Мамиќ склучи уште неколку богати договори за продажба на фудбалери што играа во Динамо. Едуардо, Модриќ, Једвај, сега и Халиловиќ и други играчи во ерата на Мамиќ направија одлични трансфери во европските клубови, а младинската академија на Динамо е една од најдобрите во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


