Натпреварот од грузиската прва лига меѓу Динамо Тбилиси и Сион Болниси го обележи ситуација која ретко се гледа на фудбалските терени.
Откако гостинскиот фудбалер се повреди, топката била извадена надвор од теренот. Со намера да ја врати на противникот во знак на фер игра, фудбалерот на Тбилиси случајно постигна гол.
Да ја поправат грешката, фудбалерите на Динамо одлучиле да го пуштат противничкиот играч, буквално, да се прошета и да постигне гол за израмнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.