| четврток, 6 декември 2018 |

Олеснување за болните од мултиплекс склероза – ќе може да подигнуваат тримесечна терапија

maja parnardzieva zmejkova

Пациентите со мултиплекс склероза од понеделник (3 март) со само една посета на Клиниката за неврологија ќе можат да подигнуваат тримесечна терапија. Станува збор за олеснување што го овозможува Фондот за здравствено осигурување на Македонија, на иницијатива на Здружението на пациенти со мултиплекс склероза, а во соработка со Клиниката за неврологија.

Ова во интервју за Македонската информативна агенција – МИА го најавува директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева – Змејкова.

Таа посочува дека се планира и зголемување на квалитетот на протези и ортопедски помагала наменети за телесно инвалидни лица.

– Ова се однесува за ортопедските помагала со индивудуална изработка, со цел да обезбедиме повисок квалитет на самите помагала, како што се вештачки раце и нозе. Тоа планираме да го направиме во соработка со ортопедските куќи и Националниот сојуз на телесно инвалидизирани лица. Набрзо нашите осигуреници ќе можат електронски да го остварат правото на ортопедско помагало, без доаѓање во подрачните служби – изјави Парнарџиева – Змејкова.

Парнаџиева – Змејкова најавува дека ќе се воведат нови ортопедски помагала (вештачки екстремитети) на постоечката листа, како и замена на веќе нефункционалните помагала од постоечката листа со нови и модерни кои се веќе во употреба во земјите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top