Решението за запирање на постапката против ексдиректорот на ФЗО Војо Михајловски била донесено летоска и е правосилна, јави Канал 5.
На Михајловски и на уште други 7мина обвинети им се судеше во повторена постапка откако апелација во 2007 ја укина првичната пресуда со која Михајловски беше осуден на 4 години затвор. Поради влошената здравствена состојба во повторениот процес се издвои постапката на Михајловски.
Пред два месеци кривичниот суд донел пресуда и за останатите четворица добиле условна пресуда двајца се ослободени од обвинение а за еден обвинението е одбиено, потврдиле од судот за телевизијата.
Војо Михајловски се товареше дека како директор на ФЗО со незаконски набавки ја злоупотребил службената положба и ја оштетил државата за милионски суми. Михајловски тогаш тврдеше дека е невин и дека против него се води политички монтиран процес. Како што објавуваа тогаш медиумите се жалел на влошена здравствена состојба и дека се обидел во 2005 та да си го одземе животот откако испил големо количество дијазепам и алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.