Напаѓачот на Вест Бромвич, Николас Анелка, е казнет со пет натпревари и 80 илјади фунти од страна на Дисциплинската комисија на англискиот фудбалски сојуз.
По постигнатиот гол на натпреварот против Вест Хем на 28 декември, радувањето на Французинот беше сметано како антисемитско. По изречената казна од страна на ФА, Анелка има седум дена да поднесе жалба, но, како што пишуваат медиумите, тој нема да се жали.
Иако неговиот гест беше карактеризиран како антисемитски, односно нацистички поздрав, Анелка негираше дека намерно го направил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.