Министерството за економија денеска ќе организира средба со стопанствениците од Република Македонија за спроведување на стандардот ХАЛАЛ.
Целта на средбата е да се презентираат можностите и значењето од воведувањето на стандардот ХАЛАЛ во работењето на претпријатијата, процесот на сертифицирање, како и можностите и начинот на аплицирање за субвенционирање на трошоците за негово воведување и сертифицирање од страна на Министерството за економија.
На средбата ќе се обратат министерот за економија Ваљон Сарачини, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, извршниот директор на Стопанска комора на Македонија, Јелисавета Георгиева, извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов. Компаниите „Виталиа“, „УКА Комерц“, и „Макпрогрес“ ќе ги презентираат своите искуства од спроведувањето на стандардот ХАЛАЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.