Вo текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди.
Три од нив се со последица материјална штета, пет со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и двајца возачи на мотоцикли.
Во Скопје вчера се случиле и две несреќи со последица тешка телесна повреда. Едната се случила во 16 часот и 20 минути на улицата „Р. Радосављевиќ“ меѓу мотоцикл и велосипед. Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди.
Втората е железничка несреќа која се случила во 16.30 на железничката пруга Скопје – Косово, во близина на надвозникот во Шуто Оризари. Тешки повреди заработил пешак од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.