По релативно убавото време што го имавме изминатите неколку дена, денеска почнува серијата од неколку дена со облачно и повремено врнежливо време. Повремен дожд се очеува во последниот работен ден на повеќе места низ земјата. Сепак, пооблачно и врнежливо ќе биде во северозападниот дел од земјата. Во планските краеви во споменатиот регион, на повеќе од 1.600 метри, овие врнежи ќе бидат од снег. Најмала веројатност за врнежи има во централната област од Македонија.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност меѓу 10 Целзиусови степени и 13 Целзиусови степени. Највисока дневна температура на воздухот, до 15 Целзиусови степени, се очекува во југоисточниот дел од земјата.
Во Скопје се очекува претежно облачно време, со услови за повремен дожд, пред сè околу пладне и попладне. Минималната температура ќе има вредност околу 0 Целзиусови степени, а максималната околу 13 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.