Тотенхем направи целосен пресврт за само 13 минути игра во вториот дел против Днипро, победи со 3-1 во реваншот и не му дозволи на поранешниот тренер Хуанде Рамос да се радува на „Вајт харт лејн“ во Лондон.
Рамос, кој порано го предводеше Тотенхем, допатува во Лондон со Днипро, со предност од 1-0 од првиот меч, Зозулја со гол во 48. минута ја удвои предноста, но сепак на крајот домашниот тим се пласира во осминафиналето на Лигата на Европа. Ериксен во 56. минута израмни на 1-1, а потоа Адебајор со два гола ја донесе толку посакуваната предност за Тотенхем од 3-1.
Понатаму оди и Лион во рунда во која настрадаа сите 4 украински екипи. Черноморец од Одеса загуби во реваншот на „Стад Жерлан“ од Лион со 0-1 и е елиминиран, исто како и Днипро и гигантите Шахтар Доњецк и Динамо Киев.
Резултати од вториот дел од програмата вечерва: Тотенхем – Дњипро 3-1 (вкупен резултат 3-2), Лион – Черноморец 1-0 (1-0), Валенсија – Динамо Киев 0-0 (2-0), Генк – Анжи 0-2 (0-2), Трабзонспор – Јувентус 0-2 (0-4), Фиорентина – Есбјерг 1-1 (4-2), Аз Алкмар – Либерец 1-1 (2-1), Бенфика – ПАОК 3-0 (4-0).
Во следната рунда има интересни двојки, а посебно се издвојуваат дуелите меѓу Севијла и Бетис, градското дерби на Севилја, потоа италијанската пресметка меѓу Јувентус и Фиорентина, и пресметките на Тотенхем со Бенфика и Порто со Наполи.
Осминафинални двојки: Аз Алкмар – Анжи, Лудогорец – Валенсија, Порто – Наполи, Лион – Плзењ, Севилја – Бетис, Тотенхем – Бенфика, Базел – Салцбург, Јувентус – Фиорентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.