| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец скокнал од трети кат и преживеал

skok od zgrada

Четириест и три годишен гостиварец се здобил со тешки повреди откако скокнал од третиот кат на зградата во која живеел.

Според првичните сознанија, најверојатно имал намера да си го одземе животот.

Од СВР Тетово информираат дека извесен Џ.З. бил згрижен во гостиварската болница „Ферит Мурад“ половина час по полноќ со скршеници по екстримитетите и телото, по што е пренесен на скопските клиники.

Од увидот кој го извршиле Јавен обвинител и екипа на полициската станица Гостивар, било констатирано дека, гостиварецот скокнал од балкон на станот близу големиот пазар и паднал на тревникот. Причините и мотивите кои довеле до несреќата ги истражува јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top