Околу пладне на улицата „Иво Лола Рибар“, кај градскиот парк во Битола, во близина на свртувањето за кон стадионот се случи сообраќајна несреќа во која учесници беа пешак и камион.
Кои се причините за оваа несреќа ќе утврдат јавниот обвинител, медицински лица и претставници од полиција кои попладнево го истражуваа случајот. Додека починатото лице лежеше на коловозот сообраќајот го регулираше првопристигнатата полициска екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.