| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Сузана Спасовска и на Зоран Џорлев

Отпеано во боите на етнокласиката, отсонувано во фолклорната нишка на музиката, почувствувано под прстите на Штраус и на Бетовен на еден нов, модерен, македонски начин, вака „СТ“ продукција го најавува концертот „Виолина и глас“, со маестро Зоран Џорлев на виолина и единствената Сузана Спасовска како вокал.

Џорлев и Спасовска на сцената ќе бидат придружувани од гудачкиот квартет „Фор стрингс“.

На концертот ќе се исполнат едни од најубавите македонски изворни песни во досега нечуени, несекојдневени аранжмански обработки кои ги подготви Сашо Ливрински.

Концертот ќе се одржи на 5 март, во Македонскиот народен театар, со почеток во 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top