| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка нѐ поддржува во евроатлантските интеграции

zeman ivanov1Чешка е многу заинтересирана да инвестира во Македонија. Ние веќе имаме инвеститори во мали хидроцентрали, но сакаме да се подобри соработката во областа на енергетиката, рударството и да градиме трамвајска линија во Скопје – порача чешкиот претседател Милош Земан по средбата со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Тема на средбата биле евроинтеграциите и економската соработка. Земан нагласи дека е убеден оти  Македонија постепено ќе се вклучи во големото семејство на држави на ЕУ и на НАТО.

– Чешка ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции, но, како што знаете, во овие организации одлуките се донесуваат со консензус и една членка може да блокира – рече Земан.zeman ivanov2

Претседателот Иванов порача дека очекува средбата да биде поттик за подобрување на соработката меѓу двете земји и изрази благодарност за чешката поддршка за македонските евроатлански интеграции, а особено за принципиелниот став за употреба на нашето уставно име  во билатералната комуникација.

– Ако НАТО ги почитува сопствените принципи, би требало да добиеме покана за членство на следниот самит во Велика Британија бидејќи сѐ што е до нас ние веќе сме го исполниле – рече Иванов пред новинарите.

zeman ivanovНајави дека на чешкиот претседател Земан ќе му биде врачено највисокото македонско признание, орденот „8 Септември“, за развој на добрите односи меѓу двете земји и за континуираната и проинципелна поддршка од неговите претходници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top