Почна реконструкцијата и санацијата на државното средно музичко училиште во Битола и во оваа фаза ќе биде извршена целосна замена на застарената дограма во училиштето. Проектот е во рамките на тековните и однапред планирани проектни активности на училиштето.
– Замената на дограмата веќе почна, односно за многу кратко време сите училници каде што се децата од средното музичко училиште ќе бидат со заменета дограма, а паралелно со создавањето на условите за работа ќе се прави и комплетна реконструкција со термоизолација на целиот објект. Кат и пол користи музичкото училиште, а другите простории се на СОУ „Таки Даскало“. Оваа фаза толку брзо почна да се реализира благодарение на подготвените проекти и обезбедените средства од Министерството за образование и наука на РМ. Во делот на санитарните јазли веќе ги поделивме обврските, а што се однесува до греењето за следната зима, ќе се обидеме да го решиме и тој проблем – изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.
Талески верува дека средното музичко училиште во Битола ќе ја задржи својата традиција на привлечност преку стручниот кадар кој работи во ова училиште, а секако новите услови ќе бидат дополнителен мотив за сите ученици кои ќе се школуваат во битолското музичко училиште, а преку своите успеси ќе ја претставуваат нашата држава во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.