| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоци сме на голем технолошки бум во здравството

Ка­ко ди­ре­ктор на Ин­сти­ту­тот за ренд­ге­но­ло­ги­ја јас прв, пред шест го­ди­ни го во­ве­дов си­сте­мот на бо­ду­ва­ње на ренд­ген­ски­те прег­ле­ди. Зо­што го на­пра­ва­вив тоа то­гаш ко­га ни­кој од ми­ни­стри­те не го ба­ра­ше тоа? Од­го­во­рот е мно­гу ед­но­ста­вен. До­де­ка дел од мо­и­те со­вес­ни ко­ле­ги до­кто­ри се оте­пу­ваа од ра­бо­та до­бар дел „па­мет­ни“ до­кто­ри ра­бот­но­то вре­ме го по­ми­ну­ваа за­тво­ре­ни во сво­и­те кан­це­ла­рии или во со­сед­ни­те ка­фу­ли­ња и ре­сто­ра­ни и нив­ни­от ра­бо­тен ефект бе­ше ми­ни­ма­лен

Ин­ве­сти­ци­и­те во здрав­ство­то ги сме­та за тех­но­ло­шки бум и не­ма ди­ле­ми де­ка цел­та на кон­цеп­тот за нор­ми во здрав­ство­то и за пла­та спо­ред сра­бо­те­но­то е соз­да­ден со цел да ги усог­ла­си од­но­си­те во здрав­ство­то. Дол­го­го­диш­ни­от про­фе­сор на ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет и по­ра­не­шен ди­ре­ктор на Кли­ни­ка­та за ра­ди­о­ло­ги­ја, д-р Ми­о­драг Вр­ча­ков­ски има и свои пред­ло­зи ка­ко да се по­до­бри со­стој­ба­та во здрав­ство­то – од­ли­вот на стру­чен ка­дар од др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции би го спре­чил со во­ве­ду­ва­ње до­го­во­ри за транс­фер од др­жав­ни во при­ват­ни уста­но­ви, а не­од­го­вор­ни­те ле­ка­ри би ги до­вел во ред со ед­но­го­диш­ни до­го­во­ри за ра­бо­та, кои би се про­дол­жу­ва­ле са­мо ако ме­на­џер­ски­от тим е за­до­во­лен од не­го­ва­та ра­бо­та. Вр­ча­ков­ски збо­ру­ва и за сво­ја­та вто­ра љу­бов – му­зи­ка­та. Спо­ред не­го, на ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка сце­на има и пре­за­си­те­ност и не­до­стиг од инс­пи­ра­ци­ја, а пес­ни­те ја за­гу­би­ле ду­ша­та.

 

Мно­гу го­ди­ни сте во здрав­ство­то, и ка­ко про­фе­сор и ка­ко ле­кар, дол­го вре­ме ја упра­ву­ва­вте и кли­ни­ка­та за ра­ди­о­ло­ги­ја. Мо­же­те ли да на­пра­ви­те па­ра­ле­ла на здрав­стве­ни­от си­стем во др­жа­ва­та де­нес со тој што го имав­ме до пред не­кол­ку го­ди­ни?
Врчаковски: Де­фи­ни­тив­но, че­ко­ри­ме на­пред. Си­те сме све­до­ци на го­ле­ми­от тех­но­ло­шки бум во здрав­ство­то. Најм­но­гу ме ра­ду­ва но­ва­та апа­ра­ту­ра во ренд­ген­ди­јаг­но­сти­ка­та. Но­ви апа­ра­ти за комп­ју­те­ри­зи­ра­на то­мо­гра­фи­ја и за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, ка­ко и дру­ги но­ви ди­ги­тал­ни ма­ши­ни. Тоа е тоа што јас цел жи­вот го со­ну­вав. До пред са­мо не­кол­ку го­ди­ни во Ма­ке­до­ни­ја по­сто­е­ше са­мо еден др­жа­вен апа­рат за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, апа­рат што го до­бив­ме ка­ко по­да­рок од гер­ман­ска­та вла­да во 1996 го­ди­на. Се­га ва­кви апа­ра­ти има­ме во си­те по­го­ле­ми ме­ди­цин­ски цен­три. Врв­ни­те ди­јаг­но­стич­ки по­ма­га­ла ста­наа мно­гу по­до­стап­ни до па­ци­ен­ти­те, до пре­циз­на ди­јаг­но­за до­а­ѓа­ме мно­гу по­бр­зо, па и ле­ку­ва­ње­то мо­же по­бр­зо да поч­не, пре­сто­јот на па­ци­ен­ти­те во бол­ни­ци­те да се све­де на ми­ни­мум. А тоа зна­чи и по­ма­ли тро­шо­ци и по­е­вти­но ле­ку­ва­ње.

Што про­ме­ни прин­ци­пот на пла­та спо­ред сра­бо­те­но­то? Мно­гу ле­ка­ри беа не­за­до­вол­ни од не­го, но, се­пак, тој функ­ци­о­ни­ра? Сме­та­те ли де­ка се по­треб­ни ко­рек­ции на мо­де­лот?
Врчаковски: По мо­ја­та ло­ги­ка цел­та на се­кој нов мо­дел е да ги по­до­бри сла­бо­сти­те на ста­ри­от, да овоз­мо­жи си­сте­мот да функ­ци­о­ни­ра по­до­бро. За­мис­ле­те си но­ва соф­твер­ска вер­зи­ја на „вин­до­ус“, ко­ја е пос­ла­ба од прет­ход­на­та… Не­ма ни­ка­ква ло­ги­ка!

Зна­чи не­ма­ме ди­ле­ми де­ка цел­та на кон­цеп­тот за нор­ми во здрав­ство­то и пла­та спо­ред сра­бо­те­но­то е соз­да­ден со цел да ги усог­ла­си од­но­си­те во здрав­ство­то, а не да дејс­тву­ва де­стру­ктив­но. Ка­ко ди­ре­ктор на Ин­сти­ту­тот за ренд­ге­но­ло­ги­ја јас прв, пред шест го­ди­ни го во­ве­дов си­сте­мот на бо­ду­ва­ње на ренд­ген­ски­те прег­ле­ди. Се­кој до­ктор тре­ба­ше днев­но да обез­бе­ди 200 бо­да за да си ја ис­пол­ни днев­на­та нор­ма. Зо­што? Зо­што го на­пра­ва­вив тоа то­гаш ко­га ни­кој од ми­ни­стри­те не го ба­ра­ше тоа? Од­го­во­рот е мно­гу ед­но­ста­вен. До­де­ка дел од мо­и­те со­вес­ни ко­ле­ги до­кто­ри се оте­пу­ваа од ра­бо­та до­бар дел „па­мет­ни“ до­кто­ри ра­бот­но­то вре­ме го по­ми­ну­ваа за­тво­ре­ни во сво­и­те кан­це­ла­рии или во со­сед­ни­те ка­фу­ли­ња и ре­сто­ра­ни и нив­ни­от ра­бо­тен ефект бе­ше ми­ни­ма­лен.

Се­кој ме­на­џер што е за­ин­те­ре­си­ран за на­пре­до­кот и за ре­но­ме­то на сопс­тве­на­та уста­но­ва са­ми­от ќе пре­зе­ме мер­ки за да ја ели­ми­ни­ра оваа ано­ма­ли­ја, не­ма да че­ка ми­ни­сте­рот да му го ка­же тоа. Мо­же­те ли да по­ве­ру­ва­те де­ка отка­ко го во­ве­дов си­сте­мот за бо­ду­ва­ње и днев­ни­те нор­ми ра­бот­на­та со­стој­ба­та вед­наш се нор­ма­ли­зи­ра. „За­ски­та­ни­те“ до­кто­ри, на мое го­ле­мо за­до­волс­тво, ги за­су­каа ра­ка­ви­те и се вра­ти­ја на ра­бо­та­та. Не­ма­ше ни­ка­кви ре­ак­ции, ни­кој од нив не се бу­не­ше, ни­кој не про­те­сти­ра­ше. Ду­ри поч­наа да „зај­мат” сли­ки од дру­ги­те ко­ле­ги за по­бр­зо да си ја обез­бе­дат нор­ма­та. Мо­јот кон­цепт на ра­бо­тен ефект не пред­ви­ду­ва­ше ни­ту на­гра­ду­ва­ње ни­ту каз­ну­ва­ње, но цел­та ,се­пак, бе­ше по­стиг­на­та. До­кто­ри­те се вра­ти­ја на ра­бо­та.

Доз­во­ле­те ми да ви го ка­жам след­но­во:
Ако во не­ко­ја здрав­стве­на уста­но­ва не­кој од до­кто­ри­те си­сте­мат­ски не ја ис­пол­ну­ва нор­ма­та, не­мој­те да го каз­ну­ва­те. Не каз­ну­вај­те го не­го за­тоа што ви­на­та не е не­го­ва. Каз­не­те го ме­на­џе­рот на уста­но­ва­та, тој е глав­ни­от ви­нов­ник, тој тре­ба се­кој ден да ги кон­тро­ли­ра сво­и­те вра­бо­те­ни и вед­наш да ре­а­ги­ра ако не­кој од вра­бо­те­ни­те не ги из­вр­шу­ва ра­бот­ни­те об­вр­ски.

Miodrag-Vrcakovski-int77-2

„За ме­не ви­стин­ска ре­фор­ма е таа што ќе до­не­се пло­до­ви, таа што ќе би­де со за­до­волс­тво при­фа­те­на од си­те, таа што си­те до­кто­ри ќе ги на­пра­ви среќ­ни и ќе им го вра­ти до­сто­инс­тво­то“

Поз­на­то е де­ка не мо­же да се на­пра­ви спо­ред­ба ме­ѓу пла­ти­те на на­ши­те ле­ка­ри и тие во за­пад­ни­те зем­ји, па и во дру­ги зем­ји. Кол­ку прин­ци­пот на на­гра­ди за нај­до­бри­те ле­ка­ри по­ма­га тие да се мо­ти­ви­ра­ат?
Врчаковски: Ви­стин­ски до­ктор е тој што е це­лос­но по­све­тен на сво­ја­та ра­бо­та и на сво­и­те па­ци­ен­ти, тој што ме­ди­ци­на­та ја пра­кти­ку­ва со љу­бов, тој што кол­ку по­ве­ќе ра­бо­ти тол­ку по­ве­ќе ја са­ка,тол­ку е по­сре­ќен, тој што се­кое утро оди на ра­бо­та ис­пол­нет со бе­скрај­но чув­ство на за­до­волс­тво, тој што со исто­то тоа чув­ство се вра­ќа од ра­бо­та. Сре­ќа­та на па­ци­ен­ти­те е на­ша­та нај­го­ле­ма на­гра­да, таа е не­за­мен­ли­ва. Не по­сто­јат па­ри со кои мо­же да се ку­пи тоа чув­ство. Кри­стал­но јас­но е де­ка на­ши­те до­ктор­ски пла­ти се ма­ли и не ги за­до­во­лу­ва­ат стан­дар­ди­те за оп­ти­мал­но жи­ве­е­ње. Тоа е се­ри­о­зен проб­лем на кој тре­ба да се ра­бо­ти. Убе­ден сум де­ка тој, со на­ша по­мош, еден убав ден, ко­неч­но, ќе би­де ре­шен. Бев еден од пр­ви­те до­кто­ри што ка­ко нај­до­бри беа па­рич­но на­гра­де­ни. Ни­ту во сон не оче­ку­вав да до­би­јам на­гра­да за тоа што е мо­ја про­фе­си­о­нал­на долж­ност. Ме ре­ду­ва мис­ла­та де­ка по­сто­јат лу­ѓе што уме­ат да го це­нат тоа.

По­не­ко­гаш си раз­мис­лу­вам ка­ко е мож­но ни­кој до­се­га да не се се­тил да по­ба­ра од ме­не јас да му пла­там за огром­но­то чув­ство на за­до­волс­тво што го до­жи­ву­вам ра­бо­теј­ќи. За ме­не ра­бо­та­та е еден вид ду­хов­на ре­ла­кса­ци­ја и ма­са­жа. А ма­са­жа се пла­ќа, не­ли? (се смее)

Ка­ко да се спре­чат ле­ка­ри­те да за­ми­ну­ва­ат над­вор? Ми­ни­сте­рот нај­а­ви де­ка ќе ги вра­ќа, но, се­пак, го­лем дел и од тие што се ту­ка за­ми­ну­ва­ат во Гер­ма­ни­ја, се­га Нор­ве­шка, ви­со­ко­стру­чен ка­дар оди и во Ку­вајт, Ка­тар и во дру­ги­те арап­ски зем­ји ка­де што се за­ра­бо­ту­ва мно­гу по­ве­ќе?
Врчаковски: Не е са­мо проб­ле­мот што ле­ка­ри­те за­ми­ну­ва­ат во странс­тво, мно­гу е се­ри­о­зен проб­ле­мот што врв­ни до­кто­ри од др­жав­ни­те здрав­стве­ни уста­но­ви за­ми­ну­ва­ат во при­ват­ни­те здрав­стве­ни уста­но­ви. Не­кои на­ши до­кто­ри од Ку­вајт и од Ка­тар ги де­лат са­мо еден или два ки­ло­ме­тра, тие сво­јот фи­нан­си­ски бе­не­фит го наш­ле во на­ши­те при­ват­ни бол­ни­ци и ди­јаг­но­стич­ки цен­три. Ако ме­не ме пра­шу­ва­те ка­ко да го спре­чи­ме бе­га­ње­то на спе­ци­ја­ли­сти­те од др­жав­ни­те уста­но­ви, ќе ви ка­жам јас­но и глас­но. Дај­те им пла­та по­ви­со­ка од таа што ја до­би­ва­ат над­вор и нај­го­лем дел од нив ќе се вра­тат до­ма. Не­ма по­ед­но­ста­вен и по­си­гу­рен мо­дел! Но ов­де по­стои еден друг, мно­гу се­ри­о­зен проб­лем, кој ни­кој до­се­га не се оби­дел да го ре­ши. Од Ин­сти­ту­тот за ренд­ге­но­ло­ги­ја пос­лед­ни­те го­ди­ни во при­ват­ни уста­но­ви за­ми­наа се­дум врв­ни спе­ци­ја­ли­сти, не­вро­ра­ди­о­ло­зи. За соз­да­ва­ње ва­кви ка­дри се по­треб­ни нај­мал­ку де­сет го­ди­ни тре­нинг и еду­ка­ци­ја. Нив ги фи­нан­си­ра др­жа­ва­та. И по­тоа, за са­мо не­кол­ку де­на офор­ме­ни­от спе­ци­ја­лист, ма­ѓеп­сан од мо­ќта на па­ри­те ѝ ка­жу­ва збо­гум на др­жав­на­та ма­тич­на ку­ќа и се вра­бо­ту­ва во при­ват­на уста­но­ва. Таа без ни­ка­кви вло­жу­ва­ња до­би­ва го­тов спе­ци­ја­лист.

Да сум јас не­ка­ков фа­ктор би на­пра­вил до­го­вор за транс­фер на до­кто­ри­те сли­чен на тој што се пра­ви со фуд­ба­ле­ри­те… Ако при­ват­на­та уста­но­ва го са­ка струч­ња­кот, ќе тре­ба да ја пла­ти це­на­та на транс­фе­рот, во ви­си­на на до­то­гаш­ни­те вло­жу­ва­ња на др­жа­ва­та… Има ло­ги­ка, не­ли?

Кои ре­фор­ми ги сме­та­те ка­ко клуч­ни за да се сме­ни сли­ка­та за си­сте­мот што ја имав­ме во ми­на­то­то и до ка­де сме на ова по­ле?
Врчаковски: За ме­не ви­стин­ска ре­фор­ма е таа што ќе до­не­се пло­до­ви, таа што ќе би­де со за­до­волс­тво при­фа­те­на од си­те, таа што си­те до­кто­ри ќе ги на­пра­ви среќ­ни и ќе им го вра­ти до­сто­инс­тво­то. Ре­фор­ма што ќе ги на­те­ра до­кто­ри­те це­лос­но да ѝ се по­све­тат на до­ктор­ска­та про­фе­си­ја. Ре­фор­ма за ко­ја со иста енер­ги­ја ќе зра­чат и по­зи­ци­ја­та и опо­зи­ци­ја­та. Ре­фор­ма, ко­ја и фи­нан­си­ски ќе би­де до­каз за нив­ни­те вред­но­сти. Уто­пи­ја? Што мис­ли­те за ед­но­го­ди­шен до­го­вор за ра­бо­та на до­кто­рот, до­го­вор што се­ко­ја го­ди­на ќе се про­дол­жу­ва, но са­мо ако ме­на­џер­ски­от тим е за­до­во­лен од не­го­ва­та ра­бо­та.

Да го ви­дам то­гаш тој што ќе се од­не­су­ва не­од­го­вор­но на ра­бо­та или ќе од­бие ра­бот­на за­да­ча, или ќе ра­бо­ти со 50 про­цен­ти ефект.

Вра­бо­ту­ва­ње­то на не­о­пре­де­ле­но ра­бот­но вре­ме во го­лем број од слу­чаи се пре­тво­ра во за­бо­шо­ту­ва­ње на ра­бо­та на не­о­пре­де­ле­но вре­ме, без ни­ка­кви пос­ле­ди­ци. И та­ка, са­ка­ле или не, до­а­ѓа­ме до кон­ста­та­ци­ја­та де­ка, се­пак, нај­бит­ни се ре­фор­ми­те во нас са­ми­те. Ние ка­ко до­кто­ри мо­ра­ме да раз­бе­ре­ме де­ка сме спо­соб­ни са­ми да си ја соз­да­де­ме сво­ја­та ид­ни­на, без спе­ци­јал­на по­мош од дру­ги­те. Со ли­чен при­мер, со ра­бо­та, со по­све­те­ност. Чо­ве­кот има еден мно­гу опа­сен не­при­ја­тел. Тоа сме ние са­ми­те. Ако ус­пе­е­ме да се по­бе­ди­ме, да ги ста­ви­ме под кон­тро­ла на­ши­те бол­ни ам­би­ции и стра­сти, алч­но­ста, зло­ба­та и од­маз­до­љу­би­во­ста сме из­во­ју­ва­ле бле­ска­ва по­бе­да. То­гаш на сѐ што се слу­чу­ва око­лу нас ќе мо­же­ме да гле­да­ме со уни­вер­зал­на­та прав­да на вре­ме­то. Во не­го е со­кри­е­но и на­ше­то ми­на­то и се­гаш­но­ста и ид­ни­на­та. И то­гаш ќе раз­бе­ре­ме де­ка ка­ко по­е­дин­ци и ка­ко фе­ла мо­же­ме да на­пра­ви­ме сѐ.

Miodrag-Vrcakovski-int77-3

„Не­ка­ко си­те пес­ни ми ли­чат ед­на на дру­га. Ја не­ма онаа воз­бу­да од соз­да­ва­ње­то, оној му­зич­ки елан тол­ку при­су­тен на на­ши­те фе­сти­ва­ли во се­дум­де­сет­ти­те, осум­де­сет­ти­те и во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни“

По­крај ме­ди­ци­на­та, му­зи­ка­та е Ва­ша вто­ра љу­бов, а и на ова по­ле сте ед­на­кво ус­пе­шен. Се­га, отка­ко сте во пен­зи­ја, да­ли ѝ по­све­ту­ва­те по­ве­ќе вре­ме на му­зи­ка­та и на што ко­рект­но сте на­со­че­ни?
Врчаковски: Дру­га­ру­ва­ње­то со му­зи­ка­та про­дол­жу­ва. Таа не поз­на­ва го­ди­ни, не приз­на­ва ста­рост. Ви­стин­ска­та му­зи­ка е вон­вре­мен­ска. Ве­кот на евер­гри­ни­те е по­долг од ве­кот на тие што ги соз­да­ле.Та­ка ние па­ту­ва­ме низ вре­ме­то, на­ша­та му­зи­ка ќе про­дол­жи да си го про­би­ва па­тот кон веч­но­ста и то­гаш ко­га ве­ќе ќе нѐ не­ма. Мо­же­би ток­му тоа е од­го­во­рот на пра­ша­ње­то што е тоа што нѐ те­ра да соз­да­ва­ме, да тво­ри­ме. До­ктор­ска­та про­фе­си­ја е ед­на од нај­стрес­ни­те и нај­од­го­вор­ни­те. Суд­би­на­та на па­ци­ен­ти­те ста­ну­ва и на­ша суд­би­на. Ако не ус­пе­е­ме да си соз­да­де­ме не­кое тај­но ме­сто во на­ша­та ду­ша, да си из­гра­ди­ме цр­квич­ка за во неа да го нај­де­ме ду­хов­ни­от мир, не сме на­пра­ви­ле ни­што. Му­зи­ка­та е мо­ја­та цр­ква и мо­е­то спа­се­ние.Таа ме вра­ќа во де­но­ви­те на мо­ја­та мла­дост, ко­га се ро­ди­ја тек­сто­ви­те за пес­ни­те „Ле­тај га­ле­бе”, со Ве­ри­ца Ри­стев­ска, „Тво­и­те очи си­не” со Та­ња Ко­чов­ска, „Кој да ти ка­же”, со Ка­ро­ли­на, „Не­маш ни бла­го­да­рам”, „Си­нот бож­ји”, „Сту­де­на”, „На ме­сто на зло­сто­рот” со То­ше и уште мно­гу, мно­гу дру­ги.

Мо­ја­та му­зич­ка ми­си­ја се­га мно­гу ус­пеш­но ја про­дол­жу­ва и по­ста­ри­от син Ра­де Вр­ча­ков­ски – Вр­чак, кој иа­ко дип­ло­ми­ра­ше на ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет, ве­ќе се до­ка­жа и ка­ко вр­вен му­зич­ки про­фе­си­о­на­лец. Во мо­мен­тот актив­но сум вклу­чен во ти­мот што ра­бо­ти на под­го­то­вки­те на поз­на­ти­от му­зич­ки фе­сти­вал „Охрид­фест 2014“, кој ќе се одр­жи кон кра­јот на август. Од­го­во­рен сум за ин­тер­на­ци­о­нал­на­та ве­чер.

Ка­ко ја оце­ну­ва­те по­ну­да­та на ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка сце­на во мо­мен­тов? Што не­до­сти­га, ква­ли­тет­ни пес­ни или из­ве­ду­ва­чи?
Врчаковски: Имам впе­ча­ток де­ка по­стои и пре­за­си­те­ност и не­до­стиг од инс­пи­ра­ци­ја. Не­ка­ко си­те пес­ни ми ли­чат ед­на на дру­га. Ја не­ма онаа воз­бу­да од соз­да­ва­ње­то, оној му­зич­ки елан тол­ку при­су­тен на на­ши­те фе­сти­ва­ли во се­дум­де­сет­ти­те, осум­де­сет­ти­те и во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни. Сѐ е ве­ќе чу­е­но и до­жи­ве­а­но, пес­ни­те ја за­гу­би­ја ду­ша­та. Има­ме и врв­ни ком­по­зи­то­ри и врв­ни во­ка­ли­сти, но имам впе­ча­ток де­ка им не­до­сти­га мо­тив. Да се на­де­ва­ме де­ка тие што до­а­ѓа­ат ќе ус­пе­ат да го раз­бра­ну­ва­ат на­ше­то зас­па­но му­зич­ко мо­ре и да ја афир­ми­ра­ат на­ша­та му­зи­ка во си­те де­ло­ви од све­тот.

Дел од кри­ти­ча­ри­те сме­та­ат де­ка е по­греш­но да да­ва­ат суб­ве­ни­ции во му­зи­ка­та, од­нос­но да се пла­ќа­ат пес­ни на­ра­ча­ни од др­жа­ва­та. Ка­ков е Ва­ши­от став за оваа иде­ја?
Врчаковски: Ќе ви од­го­во­рам нај­ди­рект­но. Да сум јас ор­га­ни­за­тор на фе­сти­вал, кој би­ло, вклу­чу­вај­ќи ја и „Евро­ви­зи­ја“, би­де­те убе­де­ни де­ка ќе го ко­ри­стам си­сте­мот на на­рач­ки, од­нос­но на­ра­ча­ни пес­ни. Од 20 врв­ни ком­по­зи­то­ри во Р.Ма­ке­до­ни­ја од­на­пред ќе на­ра­чам 20 ком­по­зи­ции, це­ла ед­на го­ди­на пред одр­жу­ва­ње­то на фе­сти­ва­лот. Авто­ри­те од­на­пред ќе зна­ат де­ка нив­ни­те пес­ни се си­гур­ни учес­ни­ци и ќе да­дат сѐ од се­бе се­кој да на­пра­ви ква­ли­тет­на пес­на, ко­ја ќе би­де на ни­во­то на ре­но­ме­то на фе­сти­ва­лот. Из­бо­рот на пес­ни­те не­ма да за­ви­си од за­тку­лис­ни­те игри и ка­при­ци на чле­но­ви­те на се­лек­ци­ска­та ко­ми­си­ја, ни­ту ќе мо­же да се слу­чи еден ист ком­по­зи­тор на кон­кур­сот да ис­пра­ти пет свои пес­ни под раз­лич­ни псев­до­ни­ми.

Во ва­ша­та ра­ди­о­е­ми­си­ја „Со­ул-ре­ли“ до­ми­ни­ра со­ул-му­зи­ка­та, но ед­на­кво ин­те­рес­ни се и раз­го­во­ри­те со поз­на­ти лич­но­сти во кои на ше­го­вит на­чин ја откри­ва­те нив­на­та чо­веч­ка стра­на. Кол­ку е те­шко во ед­но ва­кво ис­по­ли­ти­зра­но оп­штес­тво да ги убе­ди­те да го при­фа­тат учес­тво­то во еми­си­ја­та и да ја отво­рат ве­се­ла­та, пр­га­ва и ше­го­ви­та­та стра­на на сво­ја­та ду­ша пред слу­ша­те­ли­те не пла­шеј­ќи се од тоа што ќе ре­чат нив­ни­те ко­ле­ги и при­ја­те­ли?
Врчаковски: Еми­си­ја­та „Со­ул-ре­ли“ поч­на со еми­ту­ва­ње на вто­ра­та про­гра­ма на „Ра­дио Скоп­је“ во 1977 го­ди­на и во тоа вре­ме бе­ше ед­на од нај­ре­во­лу­ци­о­нер­ни­те му­зич­ки ра­ди­о­е­ми­сии. Се­га се еми­ту­ва на бра­но­ви­те на „Ан­те­на 5“, се­ко­ја не­де­ла од 9 до 10 ча­сот на­у­тро. Таа е це­лос­но мое автор­ско де­ло, еден чо­век пра­ви сѐ. Во исто вре­ме сум сце­на­рист, во­ди­тел, ре­пор­тер, тон-мај­стор, пи­шу­вач и сни­ма­тел на сон­го­ви­те, мон­та­жер и му­зич­ки илу­стра­тор. По­не­ко­гаш и сон­го­ви­те си ги пе­ам сам. Имам огро­мен ау­ди­о­ма­те­ри­јал. На лен­ти чу­вам ре­чи­си сѐ! Во нив е скри­е­на мо­ја­та мла­дост, ду­хот на тие воз­буд­ли­ви вре­ми­ња, во нив сум јас од дру­га­та стра­на на вре­ме­то. Ко­га ги слу­шам раз­го­во­ри­те што не­ко­гаш сум ги во­дел, мор­ни­ци ми ла­зат по те­ло­то. Две тре­ти­ни од тие ин­те­рес­ни лу­ѓе одам­на не се ме­ѓу жи­ви­те, но јас сум ус­пе­ал да им ги за­ро­бам гла­сот и нив­ни­от дух! Фас­ци­нант­но. Имам пре­ку 1.500 ло­чи со уба­ва со­ул-му­зи­ка. Огром­но бо­гат­ство, кое се­ко­ја не­де­ла им го по­да­ру­вам на слу­ша­те­ли­те. Ед­на од бит­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на еми­си­ја­та „Су­ол-ре­ли“, по­крај ре­тро-му­зи­ка­та, се ин­терв­ју­а­та. Не­кои се на­пра­ве­ни мно­гу одам­на, кон кра­јот на се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, но не­кои се ре­а­ли­зи­ра­ни пред са­мо не­кол­ку де­на. Ве убе­ду­вам де­ка не­ма да ја за­бе­ле­жи­те вре­мен­ска­та ди­стан­ца од три­е­се­ти­на го­ди­ни за­тоа што еми­си­ја­та од са­ми­от по­че­ток бе­ше да­ле­ку пред сво­е­то вре­ме. Во тие ин­терв­јуа че­сто учес­тву­ва­ат не­ко­гаш­ни и се­гаш­ни слав­ни и поз­на­ти лич­но­сти. Мо­ја­та цел е да им ја по­да­рам на слу­ша­те­ли­те ве­се­ла­та стра­на од нив­ни­от жи­вот за да раз­бе­рат де­ка и нај­го­ле­ми­те ве­ли­чи­ни се, всуш­ност, лу­ѓе жед­ни за пес­ни, смеа и за за­ба­ва и за ше­ги на сопс­тве­на сме­тка, не­што што јас го на­ре­ку­вам фе­но­мен на де­ми­сти­фи­ка­ци­ја на лич­но­ста. Ме­ѓу нив се и врв­ни ими­ња од кул­тур­ни­от и од по­ли­тич­ки­от жи­вот, поз­на­ти до­ктор­ски ими­ња, од кои не­кои се и ди­ре­кто­ри на ре­но­ми­ра­ни кли­ни­ки. Нај­го­лем дел од нив се мои ре­дов­ни слу­ша­те­ли. Во тие мои раз­го­во­ри по­сто­ја­но до­а­ѓам до исти­от зак­лу­чок. Глав­на­та ка­ра­кте­ри­сти­ка на го­ле­ми­те лу­ѓе е ед­но­став­но­ста. Ужи­ва­ат во ше­ги­те на сопс­тве­на сме­тка ка­ко што ужи­ва­ат во ту­ѓи­те ше­ги. Ако ба­ра­те по­твр­да за тоа, то­гаш слуш­не­те ја еми­си­ја­та „Со­ул-ре­ли“ и ка­же­те ми го ва­ше­то мис­ле­ње. Ве оче­ку­вам на „Ан­те­на 5“ се­кое не­дел­но утро од 9 до 10 ча­сот.

Разговараше: Не­над Мир­чев­ски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со проф. д-р Миодраг Врчаковски е објавено во 77. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top