Уште двајца скопјани починаа од грип, информираат од Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Пациентите починале во текот на вчерашниот и денешниот ден и кај двајцата е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенција А, соопштија од Министерство за здравство.
Пациентите подолг период (околу 20 дена) биле хоспитализирани на Клиниката со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања. Станува збор за мажи, едниот на возраст од 63 години од околината на Скопје, со претходни хронични заболувања: бронхопневмонија на двете белодробни крила, дијабетес и хронична срцева слабост. И вториот починат пациент е од Скопје, на 47-годишна возраст, а со претходни хронични заболувања – хроничен бронхитис, бронхопневмонија и акутна бубрежна слабост.
Со ова бројот на починати од грип оваа сезона се зголеми на деветмина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.