| четврток, 6 декември 2018 |

Болно момче го планираше својот погреб, а потоа се случи чудо

Тинејџерот Дерин Блеквел (14) мислел дека не му останало уште многу да живее. Покрај леукемијата, се борел и со уште еден редок вид рак.

Минатиот декември мислел дека има само уште неколку денови живот, па почнал да го планира својот сопствен погреб.
Сакал да биде спроведен со истото возило со кое Винстон Черчил бил превезен на погребот.

Сакал да биде погребан со звуците на песната „Move Your Feet“, во костум, со розова „чирокеза“. Мислел дека нема да го доживее Божик. На десет години му е дијагностицирана леукемија, но набрзо потоа откриле уште едно ретко заболување на крвта.

Докторите се обиделе да му пресадат коскена срцевина на Дерин, но секоја операција била безуспешна и неговото тело го напаѓале разни инфекции.

Имал дури и заболување кое предизвикува отпорност на лекови поради што бактериите можеле да преживеат во неговиот организам и покрај антибиотиците. На прстите му се појавило некроза, односно изумирање на клетките и на живите ткива. После ова, Дерин и неговите родители помислиле дека тоа е навистина крај. Дерин ја прифати сопствената смрт. Се бореше храбро во изминатите четири години и сега само сакал маките да завршат. А потоа сѐ се променило.

Иако мислеше дека нема да го дочека Божик, Божик дојде и пројде, па помина и јануари. Дерин случајно ги искинал завоите, мислел дека прстите му скапале, но тие сите биле „на свое место“.

Неговиот имунолошки систем бил во целост погоден, лековите му биле прекинати и докторите не знаеле дали момчето ќе може да се избори со сите инфекции. Но, Дерин, сепак, успеал да победи. Никој не може да објасни како Дерин преживеал, сите го поврзуваат неговото заздравување со чудо.

– Пред само два месеца бевме подготвени да го кремираме Дерин, а сега лекарите велат дека неговото лекување е завршено – изјави неговата мајка.

Сега, колку и да звучи чудно, Дерин го проживува својот живот. Беше толку сигурен дека ќе почине и дека ќе ја загуби битката со ракот, а сега не е сигурен во својот нов живот. Тоа што се случи со Дерин е вистинско чудо и сите се надеваат дека ќе продолжи да живее со полн капацитет и овој лош период ќе го остави зад себе. Дерин порано ја замислувал иднината само за следните неколку часа или неколку дена. За среќа, сега може да ја планира својата иднина, школувањето, кариерата и живот без болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top