| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ со рецепт за имагинарен пријател

Нај­де­те си со­го­вор­ник, ова бе­ше по­ра­ка­та на ам­ба­са­до­рот Аи­во Орав, кој по­втор­но, са­кај­ќи или не, ја пот­це­ни др­жа­ва­та во ко­ја го слу­жи сво­јот ман­дат ка­ко еми­сар на Уни­ја­та, чи­и­што ка­ра­кте­ри­сти­ки се де­мо­кра­ти­ја­та и ви­со­ки­те на­че­ла. Се­пак, Орав за­бо­ра­ви да ни го ка­же ре­цеп­тот ка­ко да го на­пра­ви­ме тоа. Од ка­жа­но­то из­ле­зе де­ка ние сме ви­нов­ни за сѐ, а за­мис­ле­ни­от, по­са­ку­ван со­го­вор­ник, т.е. Гр­ци­ја, оста­на не­чеп­на­та и не­ви­на. Неј­се, го­ле­ма уло­га во про­во­ка­тив­ни­от или из­бр­зан од­го­вор оди­гра ток­му ло­шо фор­му­ли­ра­но­то пра­ша­ње, но проб­ле­мот до­би­ва по­и­на­ква ди­мен­зи­ја за­тоа што ка­жа­но­то до­а­ѓа од чо­ве­кот што пред ед­на го­ди­на, сре­де Бри­сел, нѐ на­ре­че „Сла­во­ма­ке­дон­ци“. То­гаш се из­ви­ни, иа­ко ло­шо, а се­га мол­чи...

Analiza-77-1

Нав­ле­зе ли Аи­во Орав во уло­га­та на сво­јот прет­ход­ник Ер­ван Фу­е­ре, поз­нат по фа­ќа­ње­то бу­ри­ња и про­во­ка­тив­ни­те из­ја­ви со кои по­сто­ја­но им „уди­ра­ше шла­ка­ни­ци “ на ма­ке­дон­ски­те ли­де­ри и нај­че­сто на вла­ста? По Фу­е­ре сле­ду­ва­ше Со­рен­сен, кој ја вра­ти уло­га­та на ам­ба­са­до­рот во при­фат­ли­ви­те, наб­љу­ду­вач­ки гра­ни­ци, а сле­ден бе­ше Орав. Есто­не­цот има­ше со­ли­ден по­че­ток, по Да­не­цот и тој из­бе­га од кли­ше­то на Ире­цот, кој со се­ко­ја из­ја­ва го нав­ле­ку­ва­ше бе­сот на на­ро­дот, но и сим­па­ти­и­те на опо­зи­ци­ја­та, ка­ко не­при­ро­ден, над­во­ре­шен ко­ре­ктор, уло­га својс­тве­на за ам­ба­са­до­ри­те на САД во но­ви­те афри­кан­ски и јуж­но­а­ме­ри­кан­ски др­жа­ви, иа­ко, да би­де­ме искре­ни, за еден опо­зи­ци­ски ли­дер не­ма ни­ка­ква раз­ли­ка ме­ѓу сте­ре­о­ти­пи­те и ка­ра­кте­ри­сти­ки­те на овие два кон­ти­нен­та. А ток­му опо­зи­ци­ја­та пре­ку сво­и­те „ин­те­ле­кту­ал­ци“ до­се­га не­кол­ку­па­ти по­ви­ка на ди­рект­на над­во­реш­на ин­тер­вен­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја на тол­ку по­са­ку­ва­на­та т.н. Бож­ја ра­ка или САД и ЕУ деус екс макина.

До­се­га единс­тве­на­та по­ли­тич­ка дам­ка, ба­рем кај Ма­ке­дон­ци­те, мол­ча­ли­ви­от Орав ја до­би со но­во­ком­по­ни­ра­ни­от тер­мин „Сла­во­ма­ке­дон­ци“ во Европ­ски­от пар­ла­мент. Се­пак, по ло­шо скло­пе­но­то из­ви­ну­ва­ње, из­ну­де­но по при­ти­со­кот на ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми и очиг­лед­ни­те кон­сул­та­ции со Бри­сел, тој по­втор­но се вра­ти во нор­ма­ла. Сѐ до ми­на­та­та не­де­ла… Да би­де­ме искре­ни, го­ле­ма уло­га во не­го­ва­та ре­ак­ци­ја има­ше и но­ви­нар­ка­та, ко­ја де­лум­но го на­ве­де на од­го­во­рот, но ов­де збо­ру­ва­ме за иску­сен дип­ло­мат, кој не смее да си доз­во­ли та­кви про­пу­сти, а од­го­во­ри уште по­мал­ку.

– Мо­жам са­мо да ве охра­брам да го нај­де­те тој со­го­вор­ник на дру­га­та стра­на и до­кол­ку не­кој из­ја­ву­ва де­ка не мо­же ни­што да се на­пра­ви, мис­лам де­ка тоа e, ед­но­став­но, не­кон­стру­ктив­но – из­ја­ви Орав и ди­рект­но нѐ на­пра­ви не­кон­стру­ктив­ни во пре­го­во­ри­те, не­ба­ре Гр­ци­ја е оа­за на кон­стру­ктив­но­ста и на по­пуст­ли­во­ста.

 

Analiza-77-3

Филе го демантираше Даниелсон

Во сво­и­те об­јас­ну­ва­ња, Орав се по­ви­ка и на ка­жа­но­то од пр­ви­от чо­век на ди­ре­кто­ра­тот за про­ши­ру­ва­ње, Кри­сти­јан Да­ни­ел­сон. Ин­ди­ка­тив­но е што, ток­му сро­че­но­то од Да­ни­ел­сон во Скоп­је и по­ра­ка­та – „не­ма да­тум за пре­го­во­ри без ре­ше­ние за име­то“, ја де­ман­ти­ра­ше ток­му не­го­ви­от шеф, Ште­фан Фи­ле, кој пре­ку сво­јот глас­но­го­вор­ник Пе­тер Ста­но, са­мо не­кол­ку де­на по по­се­та­та на не­го­ва­та „дес­на ра­ка“ на Ма­ке­до­ни­ја, пре­ци­зи­ра­ше де­ка ЕК и на­та­му ба­ра, ка­ко и пет­па­ти до­се­га во из­ве­шта­и­те, Ма­ке­до­ни­ја да до­бие да­тум за пре­го­во­ри врз ос­но­ва на по­стиг­ну­ва­ња­та. Да, од Бри­сел би са­ка­ле ре­ше­ние за име­то, но ни­кој не го ка­жу­ва ка­ко ди­ре­ктен и единс­твен ус­лов, ба­рем јав­но, ка­ко што на­пра­ви „но­ва­кот“ Да­ни­ел­сон. А ви­сти­на­та нај­че­сто е во ви­но­то и во не­и­скус­тво­то…

Да­ни­ел­сон до­би ди­ре­ктен де­мант од Фи­ле, но ни­кој, ни­ту тој са­ми­от, не се по­ма­чи да го до­об­јас­ни Орав и не­го­ва­та по­ра­ка за ма­ке­дон­ска­та не­кон­стру­ктив­ност и по­тре­ба­та од из­на­о­ѓа­ње со­го­вор­ник.

 

Analiza-77-2

ЕУ бара соговорник или „имагинарен пријател“…

Ос­но­ва­та на по­ра­ка­та на Орав за на­о­ѓа­ње со­го­вор­ник се за­гу­би во фа­ктот што за ди­ја­лог, ка­ко и за тан­го, се по­треб­ни двај­ца. Ва­ка, пак, со не­го­ва­та из­ја­ва тој проб­ле­мот го ло­ци­ра­ше во Ма­ке­до­ни­ја, ам­не­сти­рај­ќи ја Ати­на, ко­ја ве­ќе тре­та де­це­ни­ја ја те­ра сво­ја­та при­ка­ска и ка­ко нај­го­ле­ма от­стап­ка го пре­зен­ти­ра при­фа­ќа­ње­то на збо­рот Ма­ке­до­ни­ја во т.н. сло­же­но и по­са­ку­ва­но име на др­жа­ва­та. Грч­ки­от ул­ти­ма­тум во фор­ма­та ер­га ом­нес, ме­ну­ва­ње­то на Уста­вот и не­от­ста­пу­ва­ње­то од нив­ни­те „цр­ве­ни ли­нии“ за ЕУ, во пре­вод, е кон­стру­ктив­ност. Ба­ра ли ЕУ Ма­ке­до­ни­ја да си из­мис­ли „има­ги­на­рен при­ја­тел“ во Гр­ци­ја и со тој филм да дој­де до ре­ше­ние? Игра ли Бри­сел на не­ка­ква ква­зип­си­хо­ло­шка кар­та кај Ма­ке­дон­ци­те, во вре­ме ко­га ан­ке­ти­те по­ка­жу­ва­ат де­ка 82 про­цен­та од Ма­ке­дон­ци­те се про­тив ка­ква и да е про­ме­на на име­то?

Фе­но­ме­нот на из­мис­лен при­ја­тел е мно­гу ко­ри­стен во со­вре­ме­ни­те оп­штес­тва, осо­бе­но во све­тот на де­ца­та, за ка­кви, очиг­лед­но, нѐ сме­та­ат и Евро­пеј­ци­те по­ра­ди „мла­до­ста“ на др­жа­ва­та. Спо­ред пси­хо­ло­зи­те, има­ги­нар­ни­от при­ја­тел е не­ви­на дет­ска по­тре­ба со ко­ја се наг­ла­су­ва нив­на­та по­тре­ба за не­што што им не­до­сти­га. Ако дет­ски­от из­мис­лен при­ја­тел е вој­ник, су­пер­хе­рој или вол­шеб­ник – де­те­то има по­тре­ба од за­штит­ник, ако, пак, е бун­тов­ник и не­мир­ко, тоа си ба­ра по­го­ле­ма сло­бо­да. Проб­ле­мот на­ста­ну­ва ко­га де­те­то на ма­са ќе поч­не да ба­ра ме­сто, по­се­бен при­бор и ја­де­ње за сво­јот из­мис­лен при­ја­тел. Тре­ба ли да си из­мис­ли­ме кон­стру­кти­вен и раз­бран ју­жен со­сед? Ве­лат де­ка ва­кви­те при­ја­телс­тва се до­бри за емо­ци­о­нал­ни­от и со­ци­ја­лен раз­вој на де­те­то, кое тре­ба да е под по­сто­јан над­зор на ро­ди­те­лот или, во овој слу­чај, ЕУ. Или, се­пак, во на­ши­от слу­чај ток­му Бри­сел е има­ги­нар­ни­от при­ја­тел…

 

Боцевски – Орав ни ја навредува интелигенцијата

Спо­ред про­фе­со­рот и по­ра­не­шен ви­це­пре­ми­ер за евро­ин­те­гра­ции Иви­ца Бо­цев­ски, на ќор-со­ка­кот во пре­го­во­ри­те за име­то од Гр­ци­ја се на­до­вр­за и пос­лед­на­та кри­тич­на из­ја­ва на евро­ам­ба­са­до­рот Аи­во Орав, кој ве­ли де­ка ако не­ма со­го­вор­ник, тре­ба да го нај­де­ме, па до­кол­ку го нај­де­ме тој што го не­ма и до­кол­ку тој из­ја­ви де­ка ни­што не мо­же да се на­пра­ви, то­гаш тоа, ед­но­став­но, би­ло не­кон­стру­ктив­но?! Ин­те­рес­но е, ве­ли Бо­цев­ски, да­ли не­ко­му во­оп­што му е јас­но што са­кал ам­ба­са­до­рот да ка­же со оваа из­ја­ва?

Ivica-Bocevski-analizaБОЦЕВСКИ: Не знам кол­ку му е јас­но на ам­ба­са­до­рот, но Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе че­тврт век ба­ра со­го­вор­ник во Гр­ци­ја ка­ко што Ди­о­ген Ци­ни­кот де­ње со све­ќа во ра­це­те ба­рал чо­век по атин­ски­те ули­ци, но, за жал, ние не мо­же­ме да нај­де­ме со­го­вор­ник. Единс­тве­но на­о­ѓа­ме си­ле­џии, шо­ви­ни­сти, при­ти­со­ци, уце­ни, на­вре­ди, не­ги­ра­ња, без­о­браз­лук и др­скост, а, за жал, ток­му овие си­ле­џии има­ат пре­мол­че­на под­др­шка од „ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца“. По­сто­ја­но при­ти­со­кот е иск­лу­чи­тел­но ед­но­стран, иск­лу­чи­тел­но врз Ма­ке­до­ни­ја, а од­но­сот на на­ши­те „при­ја­те­ли и парт­не­ри“ по­втор­но се све­ду­ва на во­о­би­ча­е­ни­те ве­ќе опи­ша­ни фра­зи од ти­пот „тие се вна­тре, а вие сте над­вор“, „зна­е­ме де­ка не е фер, но жи­во­тот не е фер“, „по­ма­ли сте и пос­ла­би, па мо­ра да по­пу­шти­те“.

Се пра­шу­вам, да­ли не­кој ќе му обр­не вни­ма­ние на ам­ба­са­до­рот де­ка ни ја на­вре­ду­ва ин­те­ли­ген­ци­ја­та. Не­му со­вр­ше­но му е јас­но ка­де ле­жи проб­ле­мот, но тур­ка­ње­то на гла­ва­та в пе­сок, се­ка­ко, не­ма да ги ре­ши ра­бо­ти­те. Би би­ло ин­те­рес­но ам­ба­са­до­рот Орав да им по­со­чи на сво­и­те прет­по­ста­ве­ни де­ка е вре­ме не­кој од нив да по­ка­же ви­зи­ја и ли­дерс­тво, на кои тол­ку мно­гу се по­ви­ку­ва­ат, и отво­ре­но да им ка­же на Гр­ци­те де­ка пре­те­раа и де­ка европ­ска­та ин­те­гра­ци­ја не мо­же да ја зло­у­по­тре­бу­ва­ат за свои шо­ви­ни­стич­ки це­ли. За жал, ду­ри и ам­ба­са­до­рот Орав да се дрз­не да го на­пра­ви тоа, си­гу­рен сум де­ка ни­кој во Бри­сел не­ма да по­ка­же ни ли­дерс­тво ни хра­брост ни ви­зи­ја. Тие ква­ли­те­ти та­му одам­на ис­чез­наа ко­га е во пра­ша­ње Ма­ке­до­ни­ја.

Спо­ред не­го, тре­ба да се кон­ста­ти­ра де­ка пре­го­во­ри­те во спо­рот за име­то, кои се во­дат под по­кро­ви­телс­тво на Обе­ди­не­ти­те на­ции, со Мет­ју Ни­миц ка­ко по­сред­ник, одам­на за­пад­наа во ќор-со­как, а при­тоа и са­ми­от по­сред­ник јас­но ука­жа де­ка во мо­мен­тов не е мож­но ни­ка­кво прид­ви­жу­ва­ње.

Ivica-Bocevski-analizaБОЦЕВСКИ: За Гр­ци­ја си­ту­а­ци­ја­та е и по­ве­ќе од јас­на. Тие го ко­ри­стат спо­рот за име­то за да ја ос­по­рат ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност и ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Или да би­дам уште по­ди­ре­ктен – Гр­ци­ја по­са­ку­ва Ма­ке­до­ни­ја да ис­чез­не од по­ли­тич­ка­та кар­та на све­тот, да про­пад­не ка­ко др­жа­ва или, во нај­до­бар слу­чај за Гр­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но да ста­не по­кра­и­на на Ср­би­ја (слич­но ка­ко Вој­во­ди­на), па Гр­ци­ја да си ја до­бие сво­ја­та тол­ку по­са­ку­ва­на гра­ни­ца со Ср­би­ја. За­тоа Гр­ци­те од са­мо­то оса­мо­сто­ју­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја на­ша­та др­жа­ва ја до­жи­ву­ва­ат ка­ко не­при­јат­на при­вре­ме­на твор­ба, ко­ја што по­ско­ро тре­ба да се по­ни­шти. Впро­чем, по фор­мал­но­то приз­на­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та не­за­вис­ност со При­вре­ме­на­та спо­год­ба од 1995 го­ди­на, ни­ко­гаш не се пре­зе­доа си­те дру­ги не­оп­ход­ни че­ко­ри за да се нор­ма­ли­зи­ра­ат и ста­би­ли­зи­ра­ат од­но­си­те ме­ѓу две­те др­жа­ви. Ни­ту еден пре­тсе­да­тел (шеф на грч­ка­та др­жа­ва) не ос­тва­рил офи­ци­јал­на би­ла­те­рал­на по­се­та на Ма­ке­до­ни­ја и по­крај отво­ре­на­та по­ка­на од си­те ма­ке­дон­ски пре­тсе­да­те­ли. Ни­ту еден ма­ке­дон­ски пре­тсе­да­тел, шеф на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва, не бил по­ка­нет да ос­тва­ри би­ла­те­рал­на по­се­та на Гр­ци­ја. Исто­то се од­не­су­ва и на ше­фо­ви­те на грч­ка­та вла­да. Тие ни­ко­гаш не од­го­во­ри­ле на отво­ре­на­та ма­ке­дон­ска по­ка­на за офи­ци­јал­на би­ла­тер­нал­на по­се­та, ни­ту, пак, ко­га би­ло по­ка­ни­ле ма­ке­дон­ски пре­ми­ер на офи­ци­јал­на би­ла­те­рал­на по­се­та во Гр­ци­ја. Тоа, са­мо­то по се­бе, ука­жу­ва на тоа де­ка Гр­ци­ја сѐ уште од­би­ва да ја приз­нае ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност и сѐ уште ја тре­ти­ра Ма­ке­до­ни­ја ка­ко про­ви­зо­ри­ум.

 

Analiza-77-4

Контраефектот на притисоците и на навредите

Во Ма­ке­до­ни­ја, ве­ли Бо­цев­ски, це­ла­та ат­мо­сфе­ра на при­ти­со­ци, уце­ни, на­вре­ди и на отво­ре­на агре­си­ја кон др­жа­ва­та и кон ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет има иск­лу­чи­тел­но еден ефект – гра­ѓа­ни­те ста­ну­ва­ат сè поц­вр­сти во опре­дел­ба­та да не дој­де до ни­ка­ква про­ме­на на име­то. Пос­лед­ни­те ис­пи­ту­ва­ња на јав­но­то мис­ле­ње, по­со­чу­ва Бо­цев­ски, ука­жу­ва­ат де­ка и ту­ка се слу­чу­ва исто­то што се слу­чу­ва во се­ко­ја за­ед­ни­ца што е пред­мет на агре­си­ја – обе­ди­ну­ва­ње.

Ivica-Bocevski-analizaБОЦЕВСКИ: Кол­ку што по­ве­ќе се за­си­лу­ва грч­ки­от при­ти­сок врз Ма­ке­до­ни­ја, со пре­мол­че­на ме­ѓу­на­род­на под­др­шка, тол­ку по­ве­ќе рас­те ре­ши­тел­ност на гра­ѓа­ни­те да од­би­јат ка­ков би­ло ком­про­мис. Нор­мал­но, штом ту­ѓин­ци на­па­ѓа­ат еден на­род и ед­на др­жа­ва, то­гаш ,се­ка­ко, за­ед­ни­ца­та се спло­ту­ва во от­по­рот про­тив агре­си­ја­та. Тоа се слу­чу­ва и во Ма­ке­до­ни­ја. Кол­ку што се пог­лас­ни Гр­ци­те во сво­јот шо­ви­ни­зам, тол­ку се по­ре­ши­тел­ни Ма­ке­дон­ци­те да се спро­тив­ста­ват и да си ги од­бра­нат иден­ти­те­тот и др­жа­ва­та. Ма­ке­до­ни­ја не­ма да си го ме­ну­ва име­то и тоа не е знак на ни­ка­ков на­ци­о­на­ли­зам, про­па­ган­да или слич­но, ту­ку нор­мал­но од­не­су­ва­ње на еден на­род, кој не са­ка да му се по­га­зи еле­мен­тар­но­то до­сто­инс­тво. И ту­ка не по­ма­га игра­ње­то на кар­та­та ин­те­гра­ци­ја во ЕУ и во НАТО за­тоа што во Ма­ке­до­ни­ја ни­кој не­ма да про­гол­та про­ме­на на име­то и на иден­ти­те­тот до­кол­ку тоа е це­на­та за влез во ЕУ и во НАТО.

Тоа што по­себ­но ири­ти­ра во пос­лед­но вре­ме, ве­ли Бо­цев­ски, е грч­ка­та игра со не­ка­кви из­мис­ле­ни проб­ле­ми со ма­ке­дон­ска­та де­мо­кра­ти­за­ци­ја да се по­крие го­ло­ти­ја­та на нив­ни­от шо­ви­ни­зам, ка­ко и оби­ди­те да се ис­про­во­ци­ра­ат ме­ѓу­ет­нич­ки тен­зии, но и на­луд­ни­ча­ви­те из­ја­ви де­ка ос­нов­ни­от проб­лем на Ма­ке­до­ни­ја би­ла Бу­га­ри­ја, а не Гр­ци­ја.

Ivica-Bocevski-analizaБОЦЕВСКИ: По­втор­но мо­рам да кон­ста­ти­рам де­ка кол­ку што по­ве­ќе ќе се фор­си­ра­ат овие ли­нии на на­пад кон Ма­ке­до­ни­ја, тол­ку по­ве­ќе гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја ќе ста­ну­ва­ат поц­вр­сти во ста­вот де­ка не смее да има ка­ков би­ло ком­про­мис за име­то. За сре­ќа, Ма­ке­до­ни­ја ре­ла­тив­но ми­ро­љу­би­во ја ос­тва­ри сво­ја­та др­жав­ност, со иск­лу­чок на бес­мис­ле­ни­те жр­тви на ма­ке­дон­ски­те ре­гру­ти во ЈНА на по­че­то­кот на ју­гос­ло­вен­ска­та кри­за и во­е­ни­от конф­ликт од 2001 го­ди­на. Ме­ѓу­тоа, ста­ну­ва очиг­лед­но де­ка пре­ку пра­ша­ње­то за име­то Ма­ке­до­ни­ја ќе тре­ба да си ја по­твр­ди сво­ја­та др­жав­ност.

(Пишува: Љупчо Цветановски | Фото: Република
Текст објавен во 77. број на неделникот „Република“, 21.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top