Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајка што се случи денеска околу 9 часот на регионалниот пат Тетово – Фалише.
Во сообраќајната несреќа, во која учествувале патничко моторно возило „фијат пунто“ со тетовски регистарски таблици управувано од Е.Ќ (32) од Лавце и моторцикл „томос“ без таблици управуван од Т.С. (73) од Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
– Во несреќата, мотоциклистот задобил тешки телесни повреди (скршена нога и ребра) и по пренесувањето во тетовската клиничка болница е задржан за натамошно лекување. Во болницата задржан е и возачот на „пунтото“ и двајцата сопатници од Слатино и од Бозовце, кои имале лесни повреди. По овластување на јавен обвинител е извршен увид и се расветлуваат поединости поврзани со причините, материјалната штета и се друго поврзано со оваа несреќа – рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил