| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе му гарантира лична безбедност на Јанукович

putin i janukovic

Русија се согласи да му гарантира лична безбедност на сменетиот украински претседател Виктор Јанукович, соопшти анонимен извор од врвот на руските власти.

– Во врска со барањето на претседателот Јанукович да му се гарантира лична безбедност, можам да кажам дека е одобрено за територијата на Руската Федерација – потврди високиот руски функционер.

Јанукович денеска во писмена изјава испратена до руските агенции побара од официјална Москва да му гарантира лична безбедност и „да го заштити од екстремистите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top