| четврток, 6 декември 2018 |

Кавгата продолжува: Емина и Кристина не се ни поздравиле

Двете членки на жирито во „Икс-фактор“, Емина Јаховиќ и Кристина Ковач, зад сцената се избегнуваат и воопшто не комуницираат, а нивната нетрпеливост не може да се сокрие ни во текот на шоуто кое сега се емитува во живо.

Сѐ почна пред три недели со испаѓањето на групата „Фор ју“  и нивниот дуел со Харис Чато. Расправиите на „Фејсбук“ и на „Твитер“, како и заканите и навредите кои обожавателите на Емина ги упатија на сметка на Кристина, резултираа со заледен однос меѓу двете пејачки.

Минатата емисија Кристина не го изговараше името на Емина во нејзините коментари, нарекувајќи ја само менторка, а овој вторник и Емина возврати со иста мера, па кога требаше да се зборува за Кристина, таа ја нарекуваше колешка.

Тие две не се ни поздравиле зад сцената.

– Емина и Кристина веќе некое време не разговараат иако работат на ист проект. И финалистите на „Икс-фактор“ забележаа дека нивниот однос не е баш најдобар. Без оглед на тоа што се почитуваат, сепак секоја стои цврсто зад своите натпреварувачи затоа и почна расправијата меѓу нив, во која се вклучија и обожавателите – вели извор од продукцијата за српски „Курир“ додавајќи дека пејачките максимално се избегнуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top