| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара: Не се ни погледнав во огледало пред да излезам на сцена

Си­те по­ја­ву­ва­ња на ма­ке­дон­ска­та пе­јач­ка во јав­ност во овие 18 ме­се­ци отка­ко со­ра­бо­ту­ва со Ива­на Кнез се вни­ма­тел­но исп­ла­ни­ра­ни - од на­ста­пи­те на фе­сти­ва­ли, пре­ку го­сту­ва­ња­та во те­ле­ви­зи­ски еми­сии, па сѐ до ви­де­ос­по­то­ви­те

Бе­страш­на, сме­ла, единс­тве­на. Ка­ко во му­зи­ка­та, та­ка и со неј­зи­ни­от стил, Та­ма­ра То­дев­ска се­ко­гаш е под­го­тве­на за екс­пе­ри­мен­ти, а по­го­ле­ми­от дел од нив се на­ви­сти­на ус­пеш­ни.

Ма­ке­дон­ска­та пе­јач­ка ни­ко­гаш не се пре­да­ва­ла на сте­ре­о­ти­пи­те, од­ли­ка ко­ја ја пра­ви ед­на од ре­тки­те што се под­го­тве­ни да ја осве­жат ре­чи­си без­жи­вот­на­та си­ту­а­ци­ја на му­зич­ка­та сце­на во мо­мен­тов.

По­крај неж­ни­от и си­гу­рен изг­лед на Ка­ро­ли­на и кла­сич­ни­те ком­би­на­ции на Ка­ли­о­пи, Та­ма­ра за се­бе се­ко­гаш од­би­ра не­што не­за­бо­рав­но.

tamara 3

Со уникатниот накит на Ивана Кнез

Се­ко­гаш е под­го­тве­на да екс­пе­ри­мен­ти­ра и, што е нај­важ­но, слу­ша су­ге­стии. Таа е од­лич­на за со­ра­бо­тка – ве­ли мод­на­та ди­зај­нер­ка и ко­сти­мо­гра­фка Ива­на Кнез, ко­ја од не­о­дам­на е за­дол­же­на за изг­ле­дот на ма­ке­дон­ска­та пе­јач­ка.

Под­го­тве­на сум на го­ле­ми про­ме­ни, но, се­пак, не от­ста­пу­вам од се­бе. Ѝ ве­ру­вам на Ива­на, но ко­га не­што не ми се до­па­ѓа, по ни­ко­ја це­на не мо­же да ме на­те­ра да го об­ле­чам. Оста­ну­вам се­ко­гаш на сво­е­то – ве­ли Та­ма­ра.

Си­те по­ја­ву­ва­ња на Та­ма­ра во јав­ност овие 18 ме­се­ци отка­ко тие две со­ра­бо­ту­ва­ат се вни­ма­тел­но исп­ла­ни­ра­ни – од на­ста­пи­те на фе­сти­ва­ли, пре­ку го­сту­ва­ња­та во те­ле­ви­зи­ски еми­сии, па сѐ до ви­де­ос­по­то­ви­те.

Пред „Бу­ба­ма­ра“ бев бол­на и бу­квал­но до пос­ле­ден мо­мент не зна­ев што точ­но ќе но­сам, зна­ев са­мо де­ка ќе но­сам ви­о­ле­то­ва бо­ја. Ед­но­став­но знам де­ка Ива­на ќе го од­бе­ре нај­до­бро­то. Ве­ру­ва­те ли де­ка за на­ста­пот за на­гра­ди­те на МТВ не се ни пог­лед­нав во ог­ле­да­ло пред да из­ле­зам. Зна­ев де­ка фу­ста­нот ќе пре­диз­ви­ка ре­ак­ции, и тоа е фан­та­сти­чен фу­стан – рас­ка­жу­ва Та­ма­ра.

tamara

На „Златна бубамара“

И си­те ко­мен­ти­ра­ат де­ка изг­ле­да од­лич­но.

Та­ма­ра е на­ша­та Бри­жит Бар­до! Зна­е­те кол­кав струк има таа? 59! Ори­ги­нал Бри­жит Бар­до! – страс­тве­но из­ја­ву­ва Кнез.

tamara 2

На промоцијата на нејзиниот нов видеоспот за „Тешко без тебе“

Нив­на­та друж­ба поч­на­ла слу­чај­но ко­га Та­ма­ра ви­де­ла во из­лог ед­но злат­но здол­ни­ште кре­и­ра­но од Кнез и по­са­ка­ла да го об­ле­че, што би­ло до­вол­но за ед­на но­ва со­ра­бо­тка и при­ја­телс­тво.

 

(Пишува: Марина Костовска
Текст објавен во 77. број на неделникот „Република“, 21.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top