| четврток, 6 декември 2018 |

Презентерката Катерина Топалова стана мајка

Новинарката и презентерка на вестите на Македонската радио-телевизија Катерина Топалова роди девојче. Среќната мајка ја сподели својата радост со пријателите на „Фејсбук“.

– Моето тело создаде нов живот! Добре дојде Ина, кукла мамина – напиша Топалова.

Новинарката се омажи со своето долгогодишно момче Дејан Дејаноски овој октомври, а нивната свадба остана запаметена по тоа што таа сама ја испеа песната за својот прв свадбен танц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top