| четврток, 6 декември 2018 |

Австралискиот пратеник Симпкинс повика на прием на Македонија во НАТО и во ЕУ

luk simpkins

Австралискиот пратеник Лук Симпкинс, по повод 10-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, повика на брз прием на Македонија во НАТО и во Европската унија, со што би се исполниле неговите политички цели, јави МИА.

– Пред 10 години претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски загина во авионска несреќа во густите магли во југоисточна Босна. Претседателот ќе остане запаметен со предводењето на мировниот договор помогнат од НАТО во 2001 година, со кој се спречи вооружените судири со етничките албански герилци на границата со Косово да се претворат во полна граѓанска војна. Британскиот министер за надворешни работи тогаш Џек Стро рече дека благодарение на напорите на Трајковски, Македонија цврсто оди на патот на евроатланската интеграција. Таа изјава беше дадена во 2004 година. Најголема трагедија за народот на Република Македонија е што Европа и НАТО не дозволија нејзин прием. На 10-годишнината од загинувањето на претседателот Траковски, крајно време е Европа и НАТО да ја примат Македонија – пишува во пораката на пратеникот Симпкинс.

Лук Симпкинс е пратеник на владејачката Либерална партија на Австралија од изборната единица Кован во Западна Австралија и е силен поддржувач на Република Македонија во оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top