Вооружени група го зазела регионалниот парламент во украинскиот регион Крим, јавува украинската агенција Интерфакс.
Лидерот на локалните Татари, Рефат Чубаров, на својот профил на „Фејсбук“ напишал дека зградите се окупирани од вооружени луѓе во униформи кои немале никакви знаци за распознавање. Вооружените луѓе засега немале никакви барања, а пред зградата имало стотина полицајци. Вратите на парламентот биле блокирани со дрвени греди.
Вчера пред зградата на парламентот се судриле етнички Татари, кои се прозападно ориентирани, и проруски ориентираните демонстранти.
Според очевидици, на зградата било закачено руско знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.