
Жител на Врњачка Бања од Србија ја нападнал поранешната сопруга со ловечки нож и ја бодел по телото и тоа пред очите на нивната четигодишна ќерка, јавуваат медиумите во таа земја.
Слаѓан Дабижијевиќ ја нападнал поранешната сопруга Маријана Макојевиќ и ја бодел по вратот, рацете и нозете, и тоа пред градинката „Бисери“ во Врњачка Бања, а негувателките го засолниле девојчето додека не дошла полицијата. Таа на Дабижијевиќ му одредила 48-часовен притвор.
Според зборовите на поранешната сопруга, првите две години од бракот сѐ било во ред, но потоа нејзиниот сопруг се сменил бидејќи почнал да мачи мака со долгови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


