
Македонско друштво „Илинден“ – Тирана ја поддржува кандидатурата на Ѓорге Иванов за втор мандат за претседател на Република Македонија.
Иванов, како што е наведено, „со големата подршка која ни ја даде, ни дава право, но и обврска, ние Македонците православни и Македонците муслимани во Република Албанија да ја подржиме иницијатива за втор мандат за преседател на Република Македонија“.
– Со голема почит и благодарност на досегашна работа и неговите заложби со преставниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, претседателот Иванов во неговиот мандат не посети и ни посвети доволно внимание и време за заложба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура. Тој никогаш не се колебал да ги брани нашите интереси, интересите на нашинците каде и да се и секогаш повикувал на единство за поуспешно делување и зачување на индетитетот, соопшти Македонското друштво „Илинден“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


