
Поради уличен дефект на цевка утре, 27 февруари прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од улицата „Огнен Прица“.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека прекинот ќе биде од 10 часот и 30 минути до санирање на дефектот.
Според соопштението, дефектот е на цефка со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Огнен Прица“ и „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


