| четврток, 6 декември 2018 |

Распишана меѓународна потерница за Јанукович, Путин нареди тест за борбена готовност

Vladimir Putin

Распишана е меѓународна потерница за поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, соопшти државниот тужител Олег Махницки. Претходно, за Јанукович беше издадена наредба за апсење поради обвинение за „масовно убиство“, пренесуваат светските новински агенции. Претходно, Парламентот на Украина изгласа дека на Јанукович ќе му се суди за „сериозни злосторство“ пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Во Судот во Хаг уште немаат добиено барање од украинската влада со која се бара истрага за настаните. По тримесечните протести и судири во Киев, Парламенот во Украина го симна од власт Јанукович, ја ослободи од затвор поранешната премиерка Јулија Тимошнко и одлучи вонредните парламентарни избори да се одржат на 25 мај.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин нареди тест на борбена готовност во централните и западните делови на Русија, пренесуваат западните медиуми.

Како што се истакнува, во наредбата нема никакви референци за рускиот западен сосед Украина.

И руското министерство за одбрана соопшти дека воените вежби не се поврзани со ситуацијата во Украина, пренесува „Раша тудеј“.

Русија на Запад се граничи со Украина, во која власта сега ја презедоа привремени органи. Моментно најголема напнатост владее на Крим, каде мнозинството го сочинуваат проруски ориентирани граѓани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top