
Специјалните украински полициски сили за ратурање на демонстрантите „Беркут“ посебно омразени за време на неодамнешните протести во таа земја, се распуштени. Ова го објави денеска преодниот министер за внатрешни работи на Украина на својот фејсбук профил.
„Силите ’Беркут’ веќе не постојат – ијави Аваков кој додаде дека потпишал декрет за распуштање на овие специјални полициски сили.
Овие единици беа ударна сила против демонстрантите во Украина и постојат снимки на кои се гледа како пукаат со боеви куршуми во мастата народ, наведува агенцијата „Франс прес“.
Нивните униформи се лесно препознатливи и се разликуваат од останатите полициски единици. На ременот имаат посебен знак на бел орел. „Беркут“ на украински значи „царски орел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


