
Руската скијачка акробатка Марија Комисарова (23) остана парализирана по настапот во Сочи, каде што минатата недела завршија Зимските олимписки игри (ЗОИ).
Веста за јавноста ја објави самата скијачка, преку својот Твитер профил.
– Не чувствувам ништо од половината надолу. Но јас сум силна, и знам дека еден ден повторно ќе застанам на своите нозе – напиша Комисарова.
Инаку за потсетување, славната руска скијачка 25-ти февруари претрпе тежок пад поради кој настрада нејзиниот 12-ти пршлен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


