Зајачиците кои минатиот викенд ги пречекуваа гостите
Густа новогодишна агенда, најавува менаџерскиот тим н кумановскиот ноќен клуб „Лолипоп“, почнувајќи од вечерва (четврток), 26 декември.
Со бесплатен влез и традиционалниот гратис пијалок за добредојде, вечер кумановчани ќе ги забавува најбарниот бенд за настапи во живо „Енерџи бенд“.
Во петок на барање на гостите, настапуваат момците кои, како што велат од клубот, сите ги оставија без здив со нивниот прв настап во клубот. „Пимп д бит“ ќе ја делат ноќта со диџеј Лари и диџеј Пимп .
Во сабота, за прв пат во Македонија „Лолипоп“ подготвува посебен перформанс – фанки тарабука , диџеј хаус и перформанси на 5 тарабуки, со спој на ориентална и хаус музика. Влезт е 100 денари, а сите добиваат гратис пијалок. Во недела, традиционално е караокето на Саше Морж, а во понеделник ќе се одржи хуманитарна забава.
За новогодишната ноќ гостуваат 5 диџеи: Боби и Бабура од „Сити радио”, диџеј Цобе, Бранчез и Боризов. Билетите во предпродажба чинат 500 денари, а со истата цена ќе бидат на влезот на „Лолипоп” по 00:30 часот. Пијалоците се по редовни цени, а оние кои претходно резервирале место добиваат закуски и апетисани. Приемот за нив е од 22 до 22:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.