| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Хол: Презадоволни сме и изненадени од Македонија

berna-van-hol

Сопственичката на компанијата „Ван Хол“, Бернадете ван Хол, вели дека компанијата е презадоволна од условите за работа во Македонија, како и од соработката со македонската влада.

Таа изјави дека моментално во Македонија имаат вработено 450 лица, а целта е таа бројка да се зголемува.

– Веќе сме активни, веќе ги произведуваме првите автобуси во Македонија. Околу 90 автобуси од Македонија заминаа за САД. Во фабриката моментално се вработени 450 луѓе, а целта ни е да растеме. Сакаме да направиме европски производ, кој ќе се продава во Европа, да вработиме повеќе луѓе и да најдеме набавувачи со кои би склучиле договор. Презадоволни сме и изненадени од Македонија. Јас сум од Белгија, која е исто така мала земја, како и Македонија. Презадоволни сме од соработката со Владата – вели Бернадете ван Хол.

Таа посочи дека, исто така, се задоволни и од соработката со луѓето, од нивниот пријателски дух, знаењето, техничкото знаење. „Ван Хол“ во Македонија отвори фабрика во октомври 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top