Народната банка ги демантира шпекулациите за националната валута. Од институцијата испратија соопштение до медиумите во кое се демантираат објавите на Кире Наумов, потпретседател на СДСМ.
– Ова станува негов стил, секогаш пред изборите, наместо да се соочи со своите политички противници, тој да се нафрлува врз Народната банка и врз гувернерот. Тоа, секако, не е случајно бидејќи токму Народната банка е главниот столб на макроекономската стабилност на македонската економија и затоа е цел на сите што сметаат дека би имале корист од нејзиното нарушување – велат од Народната банка.
Оттаму потсетуваат дека Наумов во неговите колумни во последните пет години, неколку пати има најавено дека ќе се случи девалвација на денарот.
– Денарот остана стабилен, а кредибилитетот на Наумов е девалвиран. Токму затоа не ѝ придадовме внимание на неговата колумна од минатата сабота на тема јавниот и надворешниот долг, но бидејќи вчера ги повтори истите шпекулации, ќе ја информираме јавноста за некои факти кои веќе добро им се познати на економистите – потенцираат од НБМ.
Податоците за долгот на централната влада и за јавниот долг во ниедна земја во Европа не се надлежност на централната банка. Податоците се јавно достапни на веб-страницата на Министерството за финансии. Во нив се вклучени и податоците произведени од Народната банка за надворешниот долг на централната влада и на јавните претпријатија.
Податоците за надворешниот долг се во надлежност на Народната банка, која има редовен календар на објавување. Табелите со податоците за состојбата на надворешниот долг на 30 септември 2013 година се објавени на 31 декември 2013 година на интернет-страницата на Народната банка.
Токму од минатата година, Народната банка покрај основните табели започна со објавување детална аналитичка табела за јавниот надворешен долг. Тоа е целосна транспарентност од Народната банка, велат од оваа институција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Основната каматна стапка 2,75 проценти, НБРМ ја намали за 0,25 проценти
-
Ангеловска Бежоска: Ќе продолжиме со градење на силен институционален капацитет на Централната банка
-
Стрес-тест на НБРМ: Банките стабилни и отпорни на шокови
-
НБРМ: Политичката криза и забавената економија ја намалија активноста во банките