| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена првата лабораторија за испитување на квалитетот на пченицата и брашното

Ljupco_Dimovski_g_19
Во компанијата „Мак Млин“ во Чешиново денеска е пуштена во употреба лабораторија за испитување на квалитетот на пченицата и
брашното, прва од ваков вид во Источна Македонија.
Лабораторијата ја пушти во употреба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.
– Лабораторијата е резултат на мерката „Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи“ од Програмата за рурален развој во 2013 година. Во неа ќе се врши анализа на пченицата и брашното по сите параметри со што ќе се зголеми квалитетот на
готовиот производ. Опремата е од реномираната германска фирма Брабендер – истакна Димовски.
Тој додаде дека останува лабораторијата да добие акредитација и да стане единствената овластена лабораторија во Источна Македонија, која ќе им ги стави на располагање своите услуги на фирмите од регионот.
Сопственикот на „Мак Млин“, Николчо Горгиев информира дека се работи за инвестиција од 170 илјади евра од кои 50 илјади евра се кофинансирани од Програмата за рурален развој.
– Оваа лабораторија, која е единствена од ваков вод во источна Македонија, ќе врши услуги на земјоделци и компании кои ќе сакаат да го контролираат квалитетот на земјоделеките производи, рече Горгиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top