| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет и пет години изработка на македонски мебел по мерка

Македонската компанија за изработка на мебел по мерка „Технокооп мебел“ оваа година одбележува дваесет и пет години успешно постоење на пазарот. По тој повод најавува бројни активности за купувачите во текот на годината.

Како една од првите компании за мебел во Македонија, „Технокооп мебел“ се издвојува со услугата дизајнирање и изработка на мебел според индивидуалните барања на купувачите, како и квалитет во производството, иновативност во опремувањето на ентериери.

– Во изминативе 25 години, нашата компанија растеше, се развиваше, но и континуирано се менуваше соодветно на пазарот. Со пристапот ’мебел по мерка’ денес можеме да кажеме дека сме влијаеле и сме придонеле во обликување на пазарот, а со нашата понуда сме ги насочиле купувачите на правилен избор во опремување на домот. Уверен сум дека со посветеноста и професионализмот на нашите вработени ни следат уште многу успешни децении – изјави Тони Божиновски, генерален менаџер на „Технокооп мебел“.

mebel

Следејќи ги светските трендови во создавањето на модерен и уникатен мебел, „Технокооп мебел“ во производството користи најквалитетни материјали набавени од реномирани светски производители. Посебни бенефицирани програми за најверните купувачи, промоции и акциски намалувања, наградни игри се само дел од активностите што ќе ја одбележат 25тата година од работењето на „Технокооп мебел“.

 Од пред неколку години „Технокооп мебел“ ги поседува сертификатите ИСО 14001 за заштита на животната средина и ИСО 9001 норми за квалитет – издаден од австрискиот сертификатор „TUV AUSTRIA CERT GMBH“ од Виена, што е потврда за успешноста во доменот на организациската поставеност во компанијата. Покрај овие интернационални сертификати, финалните производи на „Технокооп мебел“ поседуваат Сертификат за квалитет издаден од Шумарски факултет Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top