Со финансиска поддршка на Министерството за култура годинава ќе се изврши темелна реконструкција на киносалата во Делчево, која функционира во состав на националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“.
Во согласност со проектот, чија реализација ќе се одвива во неколку фази, ќе биде извршена реконструкција и санација на објектот, како и комплетна реконструкција на покривната конструкција, на внатрешните простории на киносалата, а ќе биде обновена и фасадата.
Во рамките на проектот на Владата на РМ и Министерството за култура за набавка на нова дигитална за киносалите во повеќе градови во земјава, минатата година киното во Делчево доби и нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на киноприкажувачката дејност во овој град.
Со реализацијата на проектот за реконструкција на објектот во кој е сместено киното, Делчево ќе добие нов современ простор кој, освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографска, продукција ќе се користи и за други културни збиднувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.