| четврток, 6 декември 2018 |

„Лудиот Макс“ на скопските улици: Удрил во четири автомобили, се забил во полициски возило и се обидел да прегази полицајци

sevrolet kaloz iskrsen

Поливиските „Алфи“ вчера си имале работа со 55 годишен возал, кој како да сака да имитира главниот јунак од филмот „Лудиот Макс“. Откако удрил во четири автомобили, возачот започнал да бега од „Алфите“ кои го забележале уште на првата сообраќајка. „Алфите“ го пресретнале на булеварот „Партизански одреди“, а тој наместо да запре со својот „шевролет“ се забил во возилото на „Алфите“. И тоа не било доволно, па повторно го старувал возилото, обидувајќи се да ги прегази полицајците. По ова конечно бил фатен.

МВР јави дека вчера околу 20 часот, во Скопје на улица „Шидска“, Б.К.(55) од Скопје управувајќи со „шевролет калоз“ предизвикал сообраќајна незгода, при што оштетил четири паркирани патнички возила и го напуштил местото на настанот. Од страна на Единицата за прв одговор и интервенција “Алфа” возилото е запрено на раскрсницата на улица „Ацо Шопов“ со бул. „Партизански Одреди“ при што B.К. не ги почитувал наредбите на  полициските службеници,  го стартувал возилото  и  удрил „БМВ“ сопственост на МВР, на упатените наредби да излезе од возилото, истиот повторно се обидел да го стартува возилото и да ги повреди полициските службеници. Лицето е приведено, извршен е увид на местото на настанот, по целосно докуемнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top