
Публиката во домашните кина ќе има можност од 27 февруари во филмот “Амазонија 3D” да ужива во возбудливата одисеја која се одвива во најголемата прашума на светот. Остварувањето на Тиери Рагобер е најголемиот филм кој воопшто е снимен во Амазон со буџет од 10 милиони долари и екипа од околу 180 професионалци од целиот свет кои работеле на него.
Филмот „Амазонија 3D“ е сниман во бразилско-француска продукција. Биле потребни дури 7 години за познатиот француски режисер Рагобер да дојде до финалната верзија. Рагобер и неговиот тим поминале две години само подготвувајќи се за снимањето на ова остварување во густите амазонски шуми, соработувајќи со биолози и научни експерти. Целта на филмската екипа била да ја согледаат динамиката на животот во Амазонија на вистински начин за потоа верно да ја доловат секоја секвенца на филмското платно.
Дејството на филмот го следи малиот мајмун Конго кој е роден и пораснал во заробеништво. По падот на авионот Конго е сам и изгубен во џунглата на Амазонија. Неподготвен, малиот мајмун се чувствува беспомошно на изненадната слобода. Соочен со новиот свет прекриен со густа и бујна вегетација, тој мора да го пронајде својот пат и да ги заобиколи замките што му ги поставува природата.
Споредната улога во филмот ја играат околу 5000 различни животински и 40000 растителни видови, како и 2,5 милиони инсекти, сите жители на огромната и разновидна амазонска прашума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


