
Иако на прв поглед не изгледа така, но поминаа точно 10 години откако е емитувана последната епизода од серијата „Сексот и градот“. Има навестувања дека ќе се снима третото продолжение од истоимениот филм, а дотогаш да се потсетиме на десетте факти на кои нѐ научи серијата.
1. Искреност кон пријателите
Зрелоста во животот се мери во различни потези или одлуки кои се донесуваат во одредени моменти. Да се кријат недораснатите одлуки од своите пријатели или да се лаже е нешто што сигурно не спаѓа во таа категорија. Затоа, искреноста во пријателството секогаш мора да биде на прво место.
2. Женска солидарност
Не сте противник на женската солидарност ако не се сложувате со оредени женски уверенија или пак со одлуките на своите пријателки. Пријателството не е улица во една насока. Некогаш ќе ви се чини дека одлуките на вашите пријатели ќе бидат дијаметрално спротивни од вашите. но тоа не значи дека треба да ги осудувате. Караницата меѓу Шарлот и Миранда за свадбата на Шарлот траеше една минути, а потоа и двете заклучија дека нема да се сложат и работите се вратија во нормала.
3. Сродни души
Многу често во животот се покажува дека пријателките се вашите сродни души. Колку и да бидат заокупирани со својот живот, знаеме дека секогаш може да сметаме на своите пријателки.
4. Митот за тесните фармерки
Лекцијата на Миранда за тесните фармерки по породувањето. Секогаш чувајте ги и не се откажувајте од нив. Секогаш има можност дека некогаш повторно пак ќе ги облечете.
5. Фактот дека никогаш не сме целосно задоволни
Штом ќе исполниме една желба, секогаш се отвора простор за некоја нова. Но, тоа не мора секогаш да е лошо. Патот до остварувањето на целите и желбите може да биде многу забавен. Или како што би рекла Кери: „Во Њујорк секогаш се бара работа, момче или стан!“
6. Луѓето не простуваат секогаш
Иако луѓето тврдат дека простуваат, некогаш не го прават тоа. Извинувањето на Кери кон Ејден за прељубата е едно од најемотивните моменти во серијата.
7. Површни работи
Кога конечно ќе најдете совршена личност за вас, површните работи како недостаток на косата стануваат минато. Кога на Шарлот ѝ успеа да мине преку ќелавоста на Хари, тогаш тоа мора да се вистина.
8. Оној кого го сакате, пуштете го
Кога мора да го пуштите да си оди оној кого навистина го сакате, треба време за да се почувстуваат промени. Или, како што вели Кери: „Кога сакате некого и кога ќе ја прекинете врската, каде оди сета таа љубов?“
9. Сексот е важен
Сексот со саканата личност може да биде прекрасен. Сексот со личноста која не ја сакате исто така може да биде прекрасен. Сѐ е работа на вашиот избор и додека вие одлучувате, во ред е.
10. За некои работи нема рационално објаснување
Понекогаш во животот, колку да се трудиме и да се оправдаме за некои работи себеси и другите, треба едноставно да се помириме дека нема рационално објаснување. Така ќе си заштедите многу болка, енергија и време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


