| четврток, 6 декември 2018 |

Започна регистрација за Скопскиот маратон

Уште 88 дена за пријавување на учество на Скопскиот маратон кој треба да се одржи на 12 мај.

Учесниците можат да се тркаат на главниот маратон долг 42 километри  и 195 метри , на  трката на која се минува  половина од должината на вистинскиот маратон како и на трката долга 5000 метри на која традиционално учествуваат најголем број учесници.

За маратонот и половина маратонот учесниците ќе треба да котизираат 10 евра додека за трката на 5 километри која има хуманитарен карактер за учество ќе треба да се плати 250 денари.

На сите трки ќе можат да учестуваат и мажи и жени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top