| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не заслужува да плати казна кога Канада ќе освои злато

Сопственикот на еден автомобил во Канада додека го гледал финалето во хокеј на Зимските олимписки игри меѓу Канада и Шведска, добил казна за неправилно паркирање, но и порака од дарежлив сограѓанин.

Кога се вратил до својот автомобил, сопственикот прво непријатно се изненадил кога забележал паркинг казна на автомобилот, но кога се доближил поблиску сфатил дека покрај казната, некој оставил пари за истата цел со порака:

– Никој не заслужува да плати казна кога Канада ќе освои злато.

Хокеарите на Канада го одбранија насловот на олимписки победници, кој пред четири години го освоија на својот мраз во Ванкувер. Овој пат на ЗОИ во Сочи со 3:0 беа подобри од актуелниот светски првак Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top