| четврток, 6 декември 2018 |

Солзавец и водени топови на протестите во Истанбул против премиерот Ердоган

Полицијата во Истанбул употреби солзавец и водени топови за растерување на илјадници демонстранти кои скандираат „Ердоган крадец“ и „Оставка“.

Претходно полицијата во Анкара употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти кои во Универзитетот во Анкара протестираа против владата.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган претходно ги обвини политичките противници за фабрикување запис од телефонски разговор во кој Ердоган и неговиот син разговараат за тоа како да се ослободат од голема сума пари од нивната куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top